Косовските пратеници со највисоки плати во регионот

Приштина, 24 јуни 2016 (МИА) - Косовските пратеници се со највисоки плати споредено со примањата на народните избранмици од соседните земји, јави дописникот на МИА.

Економските експерти и политичките аначлитичари сметаат дека за една земја како Косово, со висок степен на сиромаштија и огромна невработеност, е нерприфатливо платите на пратениците да достигнуваат 2.000 евра.



- Најсиромашната земја во регионот најмногу од сите ги плаќа своите пратеници. Парламентарците на Косово месечно добиваат до 2.000 евра, додека истовремено во Србија платата на нивните колеги не достигнува ни 1.000 евра, наведува приштинскиот весник „Зери“.

Според истиот извор, основата плата на косовски пратеник изнесува 1.488 евра, а остатокот се акумулира со учества во различни собраниски комисии, патувања во странство и со ангажирања во работни комисии по законски проекти, што носи вкупно приход од околу 2.000 евра.

Весникот прави споредба со платите на пратениците во соседните земји на Косово, при што наведува дека веднаш по косовските се црногорските пратеници со месечна плата во износ од 1.200 евра, па албанските со 1.080, македонските со 1.000 и српските со 860 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...