Сервер: Балканот ќе трпи долготрајни последици од Брегзит

Вашингтон, 26 јуни 2016 (МИА) - Балканот ќе почувствува моментални и долготрајни последици од излегувањето на Велика Британија од Европската унија, оценува американскиот политички аналитичар Даниел Сервер, додавајќи дека Брегзит ја отвора вратата за зголемено руско влијание.

- Тој регион многу зависи од европската трговија и инвестиции, а уште поважено е политичкото влијание. Брегзит ќе ја отвори вратата за зголемено руско влијание. Владимир Путин сигурно ќе ги зголеми своите притисоци врз Србија, врз Република Српска и врз Македонија да ги одврати од ЕУ и од НАТО, посочи Сервер.

Тој оцени дека Брегзит е многу лоша вест за Британија, за ЕУ, за САД, за Балканот, но добра за Путин.

Сервер на прашањето како САД ќе се постават кон Велика Британија, наведе дека Вашингтон „ќе се труди да се однесува дека ништо не се случило“.

- Доналд Трамп (најизвесниот кандидат на Републикаската партија за претседател на САД) сигурно ќе извлече некаклва корист од тоа, а (неговата ривалка од Демократската партија) Хилари Клинтон ќе изгуби, посочи Сервер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...