Музалас: Брегзит ќе го отежне преместувањето бегалци од Грција во ЕУ

Атина, 27 јуни 2016 (МИА) - Излезот на Велика Британија од Европската унија ќе го влоши и онака минималнотo расположение меѓу земјите-членки да продолжат со преместувањето на бегалци од Грција во другите држави, изјави грчкиот заменик министер за миграциска политика, Јанис Музалас.

- Пред Брегзит, би рекол дека волјата на ЕУ, особено на некои земји како Германија, Франција и Холандија, беше барем на билатерално ниво, да се преселат најмалку 15.000 до 20.000 бегалци. Но, по Брегзит, не можам да кажам како ќе се одвиваат работите, изјави Музалас во интервју за весникот „Авги“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, тој, исто така, информира дека Министерството иницирало краткорочен план за затворање на значителен број импровизирани кампови до септември.

- Планот на Владата е овие кампови да се затворат и бегалците и мигрантите рамномерно да бидат распределени низ Грција, во близина на големите градови, во кампови и апартмани со помалку од 1.000 луѓе по регион, со цел да се избегне создавање гета и да започне процес за постепена интеграција, за онолку долго колку што тие ќе останат во земјата, додаде Музалас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...