За две години Бугарија ќе ги затвори сите домови за деца нез родители

Софија, 27 јуни 2016 (МИА) - За две години ќе бидат затворени сите домови за деца без родители во Бугарија, во кои во моментов има околу 650 штитеници, соопшти денеска бугарската министерка за труд и социјална политика Зорица Русинова.

Како што јави БТА, Русинова потсети дека до крајот на 2015 година беа затворени сите институции специјализирани за згрижување на деца со пречки во развојот, а мината недела беше затворен и последниот дом за деца без родители во Софија. 

Сите штитеници од домовите ќе бидат префрлени во заштитени живеалишта, во кои ќе бидат сместувани по најмногу 12 деца.

- Овие живеалишта обезбедуваат амбиент поблизок до семејниот и за децата секојдневно ќе се грижат тимови од социјални работници, психолози и лекари, потенцира Русинова.

Таа додаде дека заштитените живеалишта ќе се наоѓаат во градовите и децата ќе бидат вклучени во секојдневни активности, со што ќе стекнуваат социјални навики.

- Институциите по моделот на касарни нудеа многу лоши животни услови и се наоѓаа надвор од населените места, што пречеше за интеграцијата на децата, истакна Русинова при денешната посета на едно од заштитените живеалишта.

Процесот на затворање на домовите за деца без родители во Бугарија започна во 2009 година. За затворање на домовите во периодот  2014-2020 година, се предвидени 650 милиони евра обезбедени од Европскиот социјален фонд и уште 100 милиони евра од бугарската оперативна програма „Региони во развој“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...