Најмалку 36 загинати и 147 ранети во напад на аеродромот во Истанбул

 Најмалку 36 луѓе загинаа и 147 се повредени во троен самоубиствен напад на истанбулскиот аеродром Ататурк.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим нагласи дека првите знаци укажуваат дека станува збор за напад извршен од т.н. исламска држава.

Напаѓачите почнале синоќа околу 22 часот да пукаат на влезот од меѓународниот терминал на аеродромот во Истанбул и подоцна се разнеле со експлозив што го носеле на себе, соопштија турските власти.



Тоа е најсмртоносен од четирите терористички напади во Истанбул од почетокот на годната во кои за два се одговорни џихадисти, а за еден курдска милитантна организација.

Иако засега никој директно не презеде одговорност за синоќешниот наапд, „доказите упатуваат на ИД“, рече Јилдирим.

Тој рече дека меѓу загинатите има и странци, но не даде детали.

Јилдирим изјави дека бомбашите самоубијци дошле на аеродромот со такси, а потоа отвориле оган врз патници од автоматско оружје, по што активирале експлозив.

На една од снимките се гледа кога одекнала една од две експлозии. На друга се гледа напаѓач облечен во црно како влетува во зградата на терминалот, а потоа паѓа откако најверојатно е погоден од полициски куршум, по што се разнел со експлозив.



Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика да се покрене меѓународна „заедничка борба“ против тероризмот, додека западни сојузници на Турција меѓу кои и САД остро го осудија нападот.

Повеќе од 60 милиони патници годишно го користат тој аеродром во Истанбул. 

2016

7 јуни, Истанбул - Седум полицајци и четворица цивили ги губат животите во експлозија на автомобил бомба во напад за кој одговорност презеде курдска милитантна организација ТАК

19 март, Истанбул - Во самоубиствен напад извршен на прометна улица загинуваат четири луѓе. Одговорност презеде ИД. 

13 март, Анкара - 34 луѓе жртви во експлозија на автомобил бомба. Одговорни - ТАК, курдска милитантна организација 



17 февруари, Анкара - 29 загинати во воени автобуси, одговорност презеде ТАК. 

12 јануари Истанбул - 11 Германци убиени од сириски бомбаш во туристичка зона. 

2015

10 октомври, Анкара: Повеќе од 100 загинати за време на мирен протест во близина на железничка станица. Одоговорност презеде ИД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...