Германија и Грција со заеднички повик за прекин на мерките за штедење по Брегзитот

Атина, 30 јуни 2016 (МИА) - Грчкиот премиер Алексис Ципрас и германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел денеска упатија заеднички повик за прекин на строгите мерки за штедење во Европската Унија, по одлуката на Велика Британија за излегување од Унијата, пренесе ДПА.

- Политиката на штедење треба да биде сменета. Економскиот раст и вработувањето треба да бидат на дневен ред, изјави Ципрас по средбата со Габриел, кој денеска ја почна својата дводневна посета на Атина.

Германскиот вицеканцелар, кој, исто така, е и министер за економија и енергетика, се приклучи кон коментарите на Ципрас, изјавувајќи дека Европа треба да ги надмине поделбите „меѓу оние кои се добри, како Германија, и оние кои имаат проблеми, како Грција и јужна Европа“.

Двајцата повикаа на повеќе мерки за поттикнување на растот во земјите во криза од Европската Унија.

- Не е доволно едноставно да кажеш ’намалете ги платите, пензиите и социјалната помош’, кога не се прави ништо за да се постигне раст и вработување, посочи Габриел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...