Милер: ЕУ, Турција, Бугарија и „Ени“ не пројавија интерес за проектот „Посејдон“

Москва, 30 јуни 2016 (МИА) - Европската Унија,  Турција, Бугарија и италијанската компанија „Ени“ (Eni) не пројавија интерес за проектот „Посејдон“, што предвидува испорака на гас за Грција, изјави денеска првиот човек на рускиот концерн „Газпром“, Алексеј Милер, цитиран од ТАСС. 

„Посејдон“ е проект за интерконекторска врска Турција-Грција-Италија. „Северен поток 2“, што треба да го зголеми капацитетот за пренос на гас од Русија до Германија по дното на Балтичко Море. А „Турски поток“ имаше за цел да обезбеди испораки на дополнителни количества гас на турскиот пазар и во земјите од Јужна и Југоисточна Европа, но беше запрен минатата година по соборувањето на рускиот бомбардер „Су-2“.

Милер забележа дека во „Северен поток 2“ ќе бидат искористени словачките гасни транспортни можности. 

Обновувањето на „Турски поток“ е можно само по писмено уверување на Европската комисија за неговиот приоритет, дополни тој. 

Милер истакна дека во второто тримесечје од 2016 година се достигна најниското ниво на цени на гасот на „Газпром“ за испораки во земјите надвор од Заедницата на независни држави (ЗНД) и дека концернот очекува растечки тенденции во следните девет месеци. 

Според него, годинава „Газпром“ може да го зголеми извозот на синото гориво за Европа до 170 милијарди кубни метри.

Милер, исто така, забележа дека компанијата не покажа негативни последици од Брегзитот, а испораките за Велика Британија се зголемуваат и оваа тенденција не е променета.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...