Турската армија објави дека извршила преврат во земјата

Анкара, 15 јули 2016 (МИА) - Турската армија вечерва објави дека ја презела власта во земјата со цел “да ги зачува демократскиот поредок и почитувањето на човековите права“.

Во армиското соопштение испратрено по електронска пошта до медиумите се наведува дека приоритет на новите власти ќе биде владеењето на правото и дека Турција ќе ги задржи сите надворешни односи.

Засега не познато дали целиот армиски врв стои зад воениот удар, имајќи предвид дека западни медиуми јавија оти началникот на Генералштабот на турската Армија, генерал Хилуси Акар е задржан како заложник во седиштето на Генералштабот во Анкара.

Како што јави Би-Би-Си, турскиот премиер Бинали Јилдарим вечерва изјави дека група војници иницирале „илегална акција“, за што не добиле наредба, но дека во Турција не е извршен воен удар.

- Група припадници на турските Вооружени сили се обидоа да ја соборат Владата, но безбедносните сили добрија наредба да ги преземат неопходните мерики, изјави Јилдирим за телевизијата НТВ.

Тој нагласи дека и покрај обидите на некој луѓе за незаконски активности, „Владата која е избрана од народот останува на власт“.

- Владата ќе си замине само ако тоа го побара нараодот, додаде Јилдирим, додавајќи дека оние кои се обиделе да извршат воен удар за тоа ќе „платат скако и прескапо“.

Претходно, западни медиуми, повикувајќи се на изјави на очевидци јавија дека во Анкара вечерва се слушале истрели од автоматско оружје, како и дека градот го надлетувале воени авиони и хеликоптери.

Во исто, време турските медиуми јавија дека припадници на армијата ги затвориле за сообраќај двата моста преку протокот Босфор во Истанбул, кои ги поврзуваат европскиот и азискиот дел на градот.

Телевизијата НТВ информира дека воени тенкови се распоредини и на влезот на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, а припадници на армијата излегле на улиците и низ други градови во Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...