Хакиран сајтот на Танјуг

Белград, 22 јули 2016 (МИА) - Сајтот на српската агенција Танјуг минатата ноќ е хакиран, а место агенциски вести поставен е текст со кој продолжува валканата кампања што се темели на лажни обвинувања дека Танјуг емитувал монтирана снимка од инцидентот пред Собранието на град Белград во  понеделникот, на 18 јули.

Ова обвинение го изнесе Куќата за човекови права и демократија во своите две соопштенија, со кои Танјуг на најгруб начин и без каква било основа се посочува како виновник.

Агенцијата Танјуг реагираше и со целосна професионална и морална одговорност, предупреди дека снимката на агенцијата не е монтирана.

- Со своите неодговорни обвинувања и квалификации, Куќата за човекови права врши недозволен притисок врз известувањето, а од Танјуг направи цел, што, уверени сме, доведе и до хакерскиот напад и соборувањето на нашиот сајт, реагираше агенцијата.

Паушалното и неосновано „таргетирање“ на агенцијата Танјуг, меѓутоа, разгоропадениот дел од јавноста може да го наведе и на порадикално делување, што претставува директна закана за безбедноста на нашите новинари, се наведува во реакцијата на агенцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...