Боздаг: Смртната казна ќе се разгледува од правен, а не од аспектот на ЕУ

Анкара, 22 јули 2016 (МИА) - Прашањето дали Турција по неуспешниот воен удар треба или не треба да ја врати смртната казна треба да се разгледува од правен аспект, а не од агол каков сака Европска унија, изјави денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг во интервју за Си-Ен-Ен Турк. 

Неговата изјава уследи откако високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан апелираа Турција да го почитува владеењето на законот, човековите права и основните слободи по неуспешниот пуч.

Могерини и Хан во соопштение истакнаа дека спороведените мерки во образовниот сектор, судството и медиумите се непорифатливи. Во исто време, САД ја повика турската Влада да ги зачува демократските институции, додавајќи дека меѓународната заедница ќе набљудува што се случува во Турција, која е членка на НАТО.

Во Турција е воведена тримесечна вонредна состојба, при што привремено е суспендирана примената на Европската конвенција за човекови права.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...