Штрајк со глад на мигранти на српско-унгарската граница

Белград, 25 јули 2016 (МИА) - Група од 130 мигранти, кои тргнаа пеш од Белград и ноќеска стигнаа во близина на граничниот премин Хоргош на српско-унгарската граница, започнаа штрајк со глад, јави Танјуг.

Мигрантите, главно од Авганистан и Пакистан, но меѓу кои има и Ирачани и Иранци, се наоѓаат на околу 500 метри од транзитната зона на унгарската граница. Тие седат на земја и изјавија дека не сакаат да одат во импровизираниот камп. Претходно за нив беа подготвени околу 30 шатори.

Мигрантите истакнаа дека ќе останат тука до следната одлука и ќе пијат само вода, со цел да обрнат внимание на состојбата на бегалците ширум светот. Својот протест го нарекуваат „мирен марш“, нагласувајќи дека тие не се криминалци и очекуваат Унгарија да ги отвори границите за нив.

Од унгарската страна на границата забележани се зајакнати полициски и воени единици.

Во петокот околу 300 мигранти тргнаа пеш од Белград кон границата со Унгарија. Некои од нив се откажаа, а други поминаа дел од патот со воз или автобус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...