Бесмислено е да се осуди пучот, а да не се преземат мерки против „главниот пучист“

Анкара, 25 јули 2016 (МИА) - САД не треба да му дозволуваат на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат дека стои зад обидот за пуч на 15 јули, да ги користи нивните закони за да спречат тој да биде изведен пред суд во Турција, наведува Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во статија за весникот „Њујорк тајмс“.

Калин тврди дека има се поголеми докази кои ја покажуваат улогата на Ѓулен, како лидер на превратот, додавајќи дека обидот за пуч бил „планиран и спроведен од неговите следбеници во редовите на армијата“. 

Неколкумина од генералите и офицерите вмешани во пучот, признаа дека се поврзани со Ѓулен, наведува Калеи, додавајќи дека меѓу нив е и Левент Туркан, аѓутант на началникот на Генералштабот на турската армија. 

- САД треба да го екстрадираат турскиот државјанин Фетулах Ѓулен во Турција. Турција веќе достави одреден број правни документи до американските власти и ќе испрати уште со добивањето нови докази, додаде портпаролот. 

Според Калин, осудите на обидот за пуч во Турција ќе имаат значење, само доколку против извршителите бидат преземени сериозни мерки.

- Бесмислено е една земја да го осудува превратот без да презема соодветми мерки против главниот пучист, додаде тој. 

САД и предложи на Анкара да формираат работна група, составена од претставници на Стејт департментот и Министерството за правда, која ќе и помогне на Турција да го подготви официјалното барање за екстрадиција на Ѓулен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...