Пожар во близина на ПатраАтина, 26 јули 2016 (МИА) - Шумски пожар утрово избувна во близина на планинското село Вунтени, во областа на пристаништето Патра.
Како што јави дописникот на МИА, голем број пожарникари и 15 противпожарни возила се обидуваат да го држат огнот под контрола и подалеку од населените области.
Силните ветрови што дуваат во областа го отежнуваат гаснењето на огнот.
Во меѓувреме, пожарот на Хиос е ставен под контрола, но предизвика огромни штети.
|