Ѓулен ја обвинува Турција дека ги уценува САД за негова екстрадиција

Њујорк, 26 јули 2016 (МИА) - Исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен во статија во весникот „Њујорк тајмс“ ја обвини Турција дека ги уценува САД, заканувајќи се дека доколку Вашингтон не го екстрадира, тогаш Анкара ќе ја ограничи поддршката за коалицијата против групата Исламска држава. 

Според Ѓулен, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги условува САД да ја гарантираат неговата екстрадиција, независно од недостигот на докази и било каква најава за праведен судски процес.

- Искушението да му се даде на Ердоган тоа што го бара е сосема јасно. Но, САД треба да се спротивстават на ваквото примамување, додаде Ѓулен, кого Анкара го смета за одговорен за неодамнешниот обид за преврат во Турција.

Тој потсети дека остро го осудил воениот удар, нагласувајќи дека власт се добива со слободни и фер избори, а не со сила.

Ѓулен од 1999 година живее во доброволен егзил во САД. Турските власти официјално побараа тој да им биде предаден и да му се суди заедно со над 70 главни учесници во превратот. Судскиот процес е закажан за крајот на ноември оваа година.

Се очекува кон крајот на неделава турските министри за внатрешни работи и за правда, Ефкан Ала и Бекир Боздаг, да ги посетат САД, каде ќе го разгледаат прашањето за екстрадицијата на исламскиот проповедник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...