Над 1.110 вработени отпуштени од турската Дирекција за религиозни прашањаАнкара, 26 јули 2016 (МИА) - Дирекцијата за религиозни прашања во Турција досега има отпуштено 1.112 лица, вклучително и муфтии и наставници во исламските училишта, по неуспешниот обид за воен удар на 15 јули.
Турските власти за пучот го обвинуваат проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а во Турција има мрежа од поддржувачи, училишта, фондации и фирми.
|