Подгорица ја повика Приштина да ја ратификува спогодбата за границата

Приштина, 29 јули 2016 (МИА) - Потпретседателот на Владата на Црна Гора, Душко Марковиќ смета дека спогодбата за демаркација на границата со Косово, потпишана од двете земји, треба да се испочитува без натамошно доцнење од страна на Парламентот на Косово.

Марковиќ ја повикал официјална Приштина да го исполни нејзиниот дел од спогодбата за демаркацијата на границата.

- Демаркацијата на границата меѓу Црна Гора и Косово е исполнета со потпишувањето на спогодбата и некои барања за преразгледување на истата се апсурдни,неосновани и неприфатливи, имајќи го предвид фактот што нашите две земји немаат никви недоразбирања околу граничните прашања, изјавил Марковиќ.

И покрај најавите на премиерот Иса Мустафа и шефот на државата Хашим Тачи дека спогодбата ќе биде ратификувана, бидејќи Косоово не губи ни квадратен метар од својата териорија, опозицијата која токму поради ова прашање фрлаше и солзавец во собраниската сала и понатаму е против со тврдење дека договорот е во полза на другата страна.

На трети август во просториите на косовскиот Парламент закажана е средба во проширен состав со учество и на политичари, историчари и други компетентни институции.

Сепак според познатиот аналитичар Петрит Зогај срдбата ќе биде само формална.

- Средбата ќе биде само формална. Се прави за цели на политичката јавност. Ни една од страните нема да ги прифати фактите на другата. Политичката војна ќе продолжи идентично како и пред трети август, оценува Зогај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...