Турција го предупреди Киргистан дека постои опасност Ѓулен да се обиде да изврши пуч

Анкара, 29 јули 2016 (МИА) - Турција го предупреди Киргистан дека постои опасност од државен удар кој би можеле да го организираат приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, нагласувајќи дека тие се инфилтрирани во сите државни институции во оваа земја. 



- Во Киргистан, на пример, би можело да дојде до обид за пуч. Ако тоа се случи ќе биде извршен од ФЕТО, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, мислејќи на групата која Анкара ја нарекува „Терористичка организација на Фетулах“.

Ѓулен ги демантира тврдењата за постоење на таква група.

- Ѓуленистите се инфилтрирани во сите институции. Киргистан е наша братска нација. Потребно е веднаш да ги споделиме нашите разузнавачки податоци со нив, истакна Чавушоглу.

Турција го обвинува Ѓулен, кој живее во САД, дека е одговорен за обидот за пуч на 15 јули, но и дека го зајакнува своето влијание преку огромната мрежа приватни училишта не само Турција туку и во Африка и Централна Азија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...