Независне Новине - Бања Лука

СФРЈ, ЕУ и несреќното враќање на историјата

Денови сме сведоци на настани за кои мојата генерација (родените кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите) е воспитана да верува дека се дел од минатото и дека апсолутно е невозможно да се повторат во 21 век.



Прво една членка на ЕУ се одлучи да ја напушти заедницата, а веднаш потоа дојде до обид на воен пуч во една друга членка на НАТО. Не знам што чувствуваат другите луѓе, но јас не се чувствувам добро кога гледам вакви работи, можеби и затоа што сум навикнат на комодитетот на „крајот на историјата‟ на Фукујама, во кој либералниот капитализам и либералната демократија се рецепти за решавање на сите видови на конфликти.

Додуша, уште од порано либералниот капитализам до некаде го изгуби својот сјај, не поради непривлечноста на идејата на слободното пазарно делување, туку поради империјализмот на големите сили, кој видливо се провлекуваше под либерализмот.

Меѓутоа, тоа што мене навистина не ми дава мир е прашањето за иднината на ЕУ. Тешко ми е да го скријам чувството дека несреќата која ние на просторот на поранешна Југославија ја доживеавме со сломот на некогашната голема земја, е само бура во чаша вода во однос на тоа што би се случило кога слична судбина би го погодила европскиот проект. Директните економски штети би биле огромни, а долгорочните и индиректните веројатно неспоредливо поголеми.

Дали ќе дојде до слом на ЕУ? Искрено се надевам дека нема, иако центрипеталните сили на национализмот и економските несреќи кои ја ставаат ЕУ на тест и кои претходат на будењето на национализмот се слични на тие кои ја урнаа СФРЈ. Поради тоа мораме накусо да се вратиме на нашата поранешна татковина.

Со сите свои недостатоци, поранешна Југославија беше на цивилизациско ниво кое ниту една земја која настана по нејзиниот распадот нема наскоро да го достигне. Имено, ако само го погледнеме бројот на научно-истражувачките работници по глава на жител, бројот на истражувачките институти, како и на индустриските капацитети, е јасно дека кај СФРЈ се работеше за земја која барем се трудеше да држи чекор со најразвиените земји (иако цело време за своето постоење до некаде заостануваше), додека ние во БиХ од трката со развиените одамна се откажавме и се сведовме на стопанство на незнање темелено на увоз, дознаки од странство и рудиментална експлоатација на природните ресурси.

Денес дури и Словенците, кои во последните десет години доживеаја деиндустријализација, почнаа да жалат за Југославија.

Како што кажав, меѓу СФРЈ и ЕУ постои значајна сличност која не можат да ја негираат ни тие на кои таа идеја им е одбојна. Имено и СФРЈ и ЕУ (беа) наднационални државни творби, кои избраа „трет пат‟ на социо-економски развој. Така Југославија уште во 60-тите години го избра самоуправниот социјализам на Кардељ, кој беше ерес во однос на планското стопанство на тогашните комунистички земји и отстапување како нешто „по пазарна‟ варијанта на економски модел, додека ЕУ избра пат кој преку Лисабонската стратегија се обиде да вгради европски социјален модел во идејата за економии на знаења, што секако претставува свртување во лево во однос на стандардите на ортодоксниот капитализам од американски тип.

Значи, во двата случаи се работеше за „трет економски пат‟, кој со заеднички сили го изградуваат братските „народи и народности‟.

Додуша, треба да се биде реален па да се признае дека на скалата од 1 до 10, каде еден го претставува планското стопанство на СССР, а 10 капитализмот на САД, поранешната Југославија се наоѓаше некаде на третото место, а ЕУ на осмото. Значи, освен заедничката идеја на неодвоивост на економскиот од социјалниот развој, разликите меѓу ЕУ и СФРЈ беа поголеми отколку што се меѓусебните сличности.

Сепак, самата идеја за „трет пат‟ и натаму е атрактивна и нешто за што се дискутира како за апсолутно најважно економско прашање во историјата на општествените науки.

Модерниот поим за конкурентност и дава за право на оваа идеја, иако праксата често ја демантира. Имено, макроконкурентноста или националната конкуретност повеќе не се мери само врз основа на трговскиот суфицит/дефицит, како што беше случај порано.

Всушност, денес преовладува мислење дека економија која не е во состојба да се приближи до целосна вработеност и да обезбеди висок квалитет на животот за широките општествени слоеви, не служи на ништо (освен можеби на тесна елита на супербогатите на власт) и не може да се смета за конкурентна. Покрај тоа, заради долгорочната одржливост се повеќе се инсистира и на незадолжување на долг рок (ограниченото антициклично задолжување се смета за поприфатливо), на доволни инвестиции и еколошки прифатлив развој.

Накусо, идеалот за конкуретни земји беше поблизок до СФРЈ, за која се знаеше дека не е конкурентна, отколку на земјите настанати со нејзиниот распад.

Да се вратиме сега на ЕУ. Тоа што не оди во прилог на ЕУ е нејзиното економско заостанување зад главните економски тркачи, посебно зад САД. Просечната стапка на невработеност во САД ретко кога била над шест отсто, додека стапката за ЕУ е ретко под 10 отсто. И просечната стапка на стопанскиот раст на ЕУ е значајно пониска отколку во САД, што сугерира дека социјалниот модел има своја цена и дека ЕУ и натаму не најде ефикасен начин социјалниот модел да послужи како отскочна даска кон економија на знаењето и дека остана и натаму токму тоа – социјален модел кој зема од богатите и дава на сиромашните за еднаквост во општеството, а не за афирмација на таленти.

Ваквата состојба е прифатлива на неколку децении, бидејќи децениите се најмали временски единици кога се гледа животниот циклус на огромните цивилизациски проекти, како што е ЕУ.

Меѓутоа, ако се покаже дека ЕУ во текот на 90-те направила погрешен избор што го задржа социјалниот модел наместо преминот на стриктно пазарна економија и дека европскиот социјален модел не води кон создавање на економија на знаење, ЕУ може да помине како и СФРЈ. Имено, кога ќе снема пари, снемува и љубов.

СФРЈ во 70-те направи лош избор и наместо структурни реформи почна забрзано да се задолжува во странство. Во 80-те долговите дојдоа за наплата. Во 90-те Југославија исчезна од историската сцена.

ЕУ во 90-тите го направи својот избор. Јас верувам дека тој избор е вистински, иако резултатите моментно не одат во прилог. Ни останува само да чекаме и да се надеваме.

Во секој случај, тие кои резонираат на начин „да му умре козата на соседот‟ треба уште еднаш да размислат. Тоа е единствена коза во близина и смртта на таа коза, не би ја кренала од мртвите нашата коза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...