Турски демонстранти бараат затворање на базата „Инџирлик“

Анкара, 29 јули 2016 (МИА) - Неколку илјади лица одржаа протест пред влезот на воената база „Инџирлик“. што се наоѓа во близна на јужниот турски град Адана, од кој е упатено барање до властите во Анкара за нејзино затворање.

Како што јавија турските медиуми, протестите беа организрани од Здружението на анадолиската младина, а подджано од неколку други невладини организации и од вонпарламентарната исламистичка Партија на среќата (Саадет).  

Учесниците на протестот скандираа повеќе слогани, меќу кои и „Инџирлик - центар на пучот“, „Испраќаме порака до пучистичката Америка“, „По ѓаволите Америка“ и „По ѓаволите Израел“. 

Медимите јавуваат дека за време на протестот биле изгорени и знамиња на „две странски држави“, без да посочат за кои земји станува збор.

Организаторите на протестот оценија дека базата „Инџирлик“ не служи за заштита на Турција, туку на Израел и дека Американците ја користат за да ги убиваат нивните муслимански браќа во Ирак. Тие тврдат и дека за време на обидот за воен удар во Туцрија на 15 јули, од „Инџилрик“ полетувале авиони-цистерни, кои ги снабдувале со гориво ловците на пучистите.

Базата „Инџилик“ ја користат силите на антиџихадистичката коалиција, предводена од САД, за извршување воздушни напади врз позициите на групата Исламска држава (ИД).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...