Нападот врз РТК го извеле противници на спогодбата за демаркација со Црна Гора

Приштина, 23 август 2016 (МИА) - Во дворот од Радио-телевизија Косово (РТК) во Приштина синоќа била фрлена рачна бомба, соопшти денеска косовската полиција, а одговорноста за нападот ја презедоа активисти кои се противат на потпишувањето на спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора.

-Има мали оштетувања на предавателите во дворот од РТК, но нема жртви и емитирањето на програмате не беше прекинато, изјави неименуван полициски службеник, пренесе Танјуг.

За нападот со рачна бомба врз РТК одговорноста ја презедоа активистите кои живеат во близина на границата со Црна Гора, се наведува во писмото кое денеска го објавија косовските медиуми. сд/14:22

###



Двајца војници загинаа при експлозија на бомба во југоисточна Турција

Анкара, 23 август 2016 (МИА) - Најмалку двајца војници загинаа при експлозија на бомба во градот Улудере, југоисточна Турција.

Според „Хуриет дели њуз“ борци на Курдската работничка партија (ПКК) активирале рачно изработена бомба кога поминувало воено возило.

Повеќе од десет лица минатата недела беа убиени во бомбашки напади на ПКК врз припадници на полицијата и армијата. ми/ссм/16:23

###



Почнаа преговорите меѓу САД и Турција за екстрадиција на Ѓулен

Анкара, 23 август 2016 (МИА) - Претставници на Министерството за правда и на Министерството за надворешни работи на САД денеска во Анкара почнаа разговори со турските колеги за екстрадиција на муслиманскиот свештеник Фетхулах Ѓулен, јави Ал Џазира.

Турските власти соопштија дека во текот на дводневните преговори ќе изнесат голем број докази за вмешаноста на Ѓулен во неодамнешниот обид за воен удар.

Предвидена е и средба со припадниците на армијата, кои се обвинети за учество во обидот за пуч.

Ѓулен живее во Пенсилванија. Турција и САД имаат договор за екстрадиција, а Вашингтон тврди дека е неопходен доказ дали Ѓулен е директно вмешан во обидот за воен удар во Турција. ми/ссм/16:24

###



Харадинај; САД ќе го поддржуваат Косово без оглед на гласањето за демаркација

Приштина, 23 август 2016 (МИА) - Лидерот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека САД ќе го поддржуваат Косово без оглед на ратификацијата на границата со Црна Гора.

Тој додаде дека е крајно време Косово да ја исправи грешката направена со демаркацијата.

Американскиот потпретседател Џо Бајден за време на неодамнешната посета на Приштина им порача на косовските политички лидери да го ратификуваат договорот за демаркација со Црна Гора и да овозможат формирање на Заедница на српски општини во Косово, а во спротивно Приштина може да ја загуби поддршката од САД. ми/ссм/16:56

###

 



Речиси 600 турски полковници испратени во пензиja

Анкара, 23 август 2016 (МИА) - Високиот воен совет на Турција денеска одлучи да испрати во пензија 586 полковници, соопшти телевизија „ХаберТурк“, пренесува ТАСС.

Според истиот извор, на 434 полковници им е дозволено да ја продолжат службата уште две години. Документот веќе е одобрен од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Освен тоа, претседателот бара да се скрати рокот на служба на офицерите до 28 години за да се намали бројот на војници со високи чинови, соопшти електронското издание на весникот. „Милиет", повикувајќи се на соопштение на министерството за одбрана.

По обидот за преврат на 15 јули, властите на земјата почнаа масовни чистки на државниот апарат и приватните структури од членови на таканаречената „Фетхулистичка терористичка организација" (ФЕТО), која се смета за организатор на превратот.

Во моментов, 16 илјади лица се во притвор под обвинение за врски со организацијата на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен. Над 81 илјади државни службеници се суспендирани од работа или отпуштени.

Над три илјади војници, вклучувајќи 150 генерали и адмирали, се лишени од рангот и функцијата во вооружените сили. ссм/17:13

###



Косовскиот премиер апелира да се ратификува договорот за демаркација

Приштина, 23 август 2016 (МИА) - Косовскиот премиер Иса Мустафа апелира до сите членови на Парламентот да се „потсетат колку и должат на меѓународната заедница“ и да го ратификуваат договорот за демаркација со Црна Гора.

Тој посочи дека актуелните „граници на Косово се утврдени кога земјата е ослободена и прогласи независност“.

Мустафа наведе дека тоа се границите кои ги признаа САД и меѓународната заедница и оти „некои можат да го трујат јавното мислење, да се закануваат како договорот никогаш нема да биде ратификуван“, но оти „треба да се биде реалаен и да се увиди дека Косово никогаш нема да има поинакви граници“. ми/18:20

###



Музалас: Азил во Грција бараат 41.000 бегалци и мигранти

Атина, 23 август 2016 (МИА) - Најмалку 41.000 бегалци и мигранти, од кои најголемиот број Сиријци квалификувани за прераспределба во Европската унија, бараат азил во Грција, изјави денеска грчкиот министер за миграција Јанис Музалас.

Тој наведе дека грчките служби и Обединети нации регистрирале 54.000 бегалци и мигранти на грчка територија од јуни до крајот на јули годинава. Од нив 41.000 лица, кои пристигнале на копнениот дел од Грција, пројавиле интерес за добивање на азил или предале официјално барање, додека 2.000 луѓе се согласиле да се вратат во татковината.

Во исто време, на грчките острови од Турција пристигнале 11.000 лица. ми/18:29

###



Од безбедносни причини Турција евакуира град на границата со Сирија

Истанбул, 23 август 2016 (МИА) - Турција денеска од безбедносни причини наложи евакуација на жителите на градот Каркамиш, на границата со Сирија, јави Си-Ен-Ен Турк.

Полицијата преку мегафон ги предупреди граѓаните да се евакуираат заради безбедносни причини од градот Каркамиш, на кој беа истрелани две минофрлачки гранати од територијата на Сирија. Градот се наоѓа во близина на Џарабулус во Сирија, кој е под контрола на Исламска држава.

Медиумите пренесуваат дека сириските бунтовници, кои ја имаат поддршката на Анкара, подготвуваат голема офанзива со цел да ја повратат контролата врз Џарабулус.

Во меѓувреме, турскиот министер за надворешни Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција ќе пружи секаков вид поддршка на операциите против џихадистите од Исламската држава од Сирија и Ирак, вклучувајќи и можна офанзива на Џарабулус.

Тој уште наведе дека неговата земја е одлучна во борбата против ИД и курдските милиции „како во Турција, така и надвор од неа“, дополнувајќи дека тие две групи ги интензивирале нападите во Турција после минатомесечниот обид за преврат во земјата.

Чавушоглу не прецизираше каква ќе биде планираната турска поддршка. ссм/19:55

###

 



Орешковиќ: Ако влезе во Хрватска, Шешељ ќе биде уапсен

Загреб, 23 август 2016 (МИА) - Техничкиот хрватски премиер Тихомир Орешковиќ  изјави денеска дека лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, ќе биде уапсен ако се обиде да дојде во Хрватска.

- Воислав Шешељ во Хрватска е персона нон грата. Не е добредојден овде. Ако сепак дојде, ќе биде уапсен", изјави Орешковиќ.

Лидерот на СРС претходно денеска изјави дека добил дипломатски пасош, и дека во план му е прво да го посети Загреб и да се сретне со хрватскиот претседател, Колинда Грабар Китаровиќ.

- Вистина е дека добив дипломатски пасоши. Јас го добива на основа на тоа сум лидер на опозицијата, шеф на најголемата група пратеници од опозицијата во српското Собрание, изјави Шешељ  за Танјуг. ссм/21:04

###

 



Сириза обвинета за непотизам при склучување вредни договори со државни пари

Атина, 24 август 2016 (МИА) – Грчката Влада се соочи со тешки критики од страна на опозицијата откако пратеничката на Сириза, Афродити Стампули призна дека Димитрис Тапас, нејзин сопартиец, кој работи за локалната власт во Серес, заедно со неговата ќерка добил договор во вредност од 750.000 евра за храна за бегалците сместени во прифатниот центар во регионот.

Нова демократија и ПАСОК поднесоа прашање во Парламентот, обвинувајќи ја владината коалиција предводена од  левичаритеската партија, дека ги дели јавните пари на „свои луѓе“, додека лидерот на Потами Ставрос Теодоракис ја опишани Сириза како „режим кој ги загубил сите контакти со реалноста“.

Грчката Влада засега нема одговорено на обвинувањата. јт/07:13

###



Турција и меѓународната коалиција презедоа акција против ИД во пограничен сисриски град

Анкара, 24 август 2016 (МИА) – Турската армија и меѓународната коалиција предводена од САД, почнаа операција против ИД во сириски пограничен град, соопшти Кабинетот на турскиот премиер.

Турски специјални единици преминале во северна Сирија, но претстои дополнителна копнена операција како и отворање коридор.

Воени авиони извршиле четири напади врз цели на ИД како дел од заедничка операција за уништување на припадници од таа група од сирискиот пограничен град Џараблус.

Операцијата е преземена неколку часа пред посетата на американскиот потпретседател Џо Бајден на Анкара.

Во соопштението од Кабинетот на турскиот премиер се нагласува дека граничен реон во Турција е прогласен за „специјална зона за безбедност“ и упатен е повик до новинарите да не одат таму. зш/07:20

###



Кандидатот на Црна Гора се повлече од трката за генерален секретар на ОН

Њујорк, 24 август 2016 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Црна Гора Игор Лукшиќ се повлече од натпреварот за генерален секретар на ОН, оставајќи 10 кандидати кои сакаат да го заменат на функцијата Бан Ки-мун по крајот на неговиот мандат.

Лукшиќ беше на последно место во формалното гласање на кое води поранешниот португалски премиер Антониу Гутереш.

Следното гласање ќе биде на 29 август. Мандатот на Бан изминува на 31 декември. зш/07:37

###



Турција официјално побара од САД испорачување на Ѓулен

Вашингтон, 24 август 2016 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама денеска соопшти дека примила официјално барање од Турција за испорачување на муслиманскиот верски лидер Фетулах Ѓулен кој е обвинет од Анкара дека е одговорен за неуспешниот обид за пуч на 15 јули.

- Американските власти го разгледуваат барањето, изјави портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.

Ѓулен живее во американската сојузна држава Пенсилванија и негира дека има какви било врски со обидот за пуч.

Тонер, сепак наведе дека барањето за екстрадиција нема врска со обидот за државен удар, но не даде повеќе детали. зш/07:45

###



Тачи:Лажна е каузата на опозицијата против демаркацијата

Приштина,24 август 2016 (МИА) –Косовскиот претседател,Хашим Тачи го повторни својот став дека со договорот за демаркација на границата со Црна Гора земјата не губи од својата територија.

- Колку повеќе се наближуваме до денот кога Собранието на Република Косово ќе ја ратификува Спогодбата за граничната линија меѓу Косово и Црна Гора,толку повеќе Косово покажува одлучност за својата евроатланска иднина. Новите факти потврдуваат дека процесот на обележување на граничната линија нема никакви отстапки,и конечно,Косово не губи ни квадратен метар од својата територија,-напиша Тачи на неговата страница на фејсбук.

Тој наведува дека новите факти ја негираат лажната кауза на противниците на овој процес кои во континуитет се противеле заради личен и политички профит.

Тачи упатува апел до политичкиот спектар и до пратениците на косовскиот парламент да гласаат за договорот за демаркација на границата со Црна Гора и како што пишува да се издигнат над секој провинциски интерес и логика.

-Уште еднаш го повикувам политичкиот спектар и пратениците во парламентот да се издигнат над секој провинциски интерес и логика. Да делуваат што поединствено за интересот на земјата.Ова го очекуваат граѓаните на Косово,ова го очекуваат нашите меѓународни пријатели,-напиша Тачи.

И косовскиот премиер Иса Мустафа апелираше до сите членови на Парламентот да се „потсетат колку и должат на меѓународната заедница“ и да го ратификуваат договорот за демаркација на границата со Црна Гора.Тој посочи дека актуелните „граници на Косово се утврдени кога земјата е ослободена и прогласи независност“.

Гласањето за ратификација на договорот треба да се случи на први септември,за кога е закажана седница на косовскиот парламент. вт/07:48

###



Полицијата во Истанбул во акција против членови на ИД

Истанбул, 24 август 2016 (МИА) - Турската полиција почна операција денеска против членови на ИД во Истанбул, објавија локални медиуми.

Наредби за апсење се издадени за голем број осомничени. Полицијата врши акции во неколку делови од градот. зш/08:00

###



ИД од Сирија гранатира турска територија

Анкара, 24 август 2016 (МИА) - Припадници на Исламска држава во Сирија денеска гранатираат турска територија. Гранатите паѓаат во поле во близина на градот Каркамаш.

Нападот очигледно е одговор на турските воздушни напади во близина на сирискиот град Џараблус. Според турски информации во нападите биле погодени 12 цели на ИД. Во меѓувреме, турската артилерија погодила 70 цели во северна Сирија. 

Жителите на Каркамаш вчера беа евакуирани поради безбедносни причини. Евакуацијата уследи откако беа истрелани  две минофрлачки гранати од територијата на Сирија. Градот се наоѓа во близина на Џарабулус во Сирија, кој е под контрола на Исламска држава. ми/зш/09:44

###

 



Најмалку тројца турски војници се повредени во напад во близина на Анталија

Анкара, 24 август 2016 (МИА) - Најмалку тројца војници се повредени во напад изведен во близина на одморалиштето Анталија, јужна Турција.

Според турските медиуми вооружена група нападнала автомобил со кој се превезувале војници.

Инцидентот се случи во реонот на селото Белдиби. Полицијата се уште трага по напаѓачите.

Се уште ниту една група нема преземено одговорност за нападот. ми/зш/10:09

###



Бајден допатува во Турција

Анкара, 24 август 2016 (МИА) - Американскиот потпретседател Џозеф Бајден допатува денеска во Анкара каде ќе има разговори со турското раководство во момент кога државата почна со операција за да протера припадници на ИД од град на границата со Сирија.

Бајден е највисок западен дипломат кој ја посетува Турција по неуспешниот обид за пуч од 15 јули.

Според западни медиуми, Бајден ќе се обиде да ги поправи односите на САД со Турција откако Анкара го обвини имамот Фетулах Ѓулен кој живее во Пенсилванија дека е одговорен за пучот. зш/10:22

###



Ердоган: Турција почна со акции против ИД во северна Сирија

Анкара, 24 август 2016 (МИА) - Турција почна со операции против Исламска држава и силите на партијата Демократски сојуз во северна Сирија, објави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

Локалните медиуми, повикувајќи се на извори во армијата, јавија дека турски тенкови ја преминале границата и навлегле во Сирија.зш/10:51

###



Турски тенкови влегоа во Сирија

Анкара, 24 август 2016 (МИА) - Турски тенкови денеска ја преминаа границата и влегоа на сириска територија. Тенковите имаа поддршка од воздух од воените авиони на коалицијата предводена од САД против Исламска држава.

Турската телевизија НТВ јави дека 20 турски тенкови ја преминале сириската граници и оти има судири во пограничниот регион.

Според дел од западните медиуми на сириска територија има шест турски тенкови.

Турската артилерија и авиони од утрово напаѓаат цели на ИД во северна Сирија. ми/зш/11:27

###



Ердоган: Турција почна со операција во северна Сирија се против ИД и ПДС

Анкара, 24 август 2016 (МИА) - Турција почна со операции во северна Сирија насочени кон ИД  и сириски курдски борци за да стави крај на нападите по турската граница, објави денеска претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

– Во четири часот утрово почнаа операции во северна Сирија против терористички групи кои постојано и се закануваат на нашата држава, како ИД и ПДС, нагласи Ердоган. Притоа тој мислеше на Исламска држава и сили на сириската курдска Партија Демократски сојуз.

Лидерот на ПДС, Салех Муслим објави на Твитер дека Турција ќе биде поразена во Сирија како и Исламска држава. Анкара ја смета партијата на Муслим, која се бори против ИД со поддршка од САД, како закана заради врски со курдски бунтовници кои се за автономија во Турција.

– Турција е во сириското мочуриште. Ќе биде поразена како ИД, објави Муслим на Твитер на турски, арапски и англиски јазик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...