Најмалку 29 луѓе загинаа при нападот на турската армија врз сирискиот град Џараблус

Дамаск, 24 август 2016 (МИА) - Во турските воздушни и артилериски напади врз пограничниот сирискиот град Џараблус, кој е под контрола на Исламска држава, загинаа 29 луѓе, меѓу кои и едно четиричлено семејство, јави курдската новинска агенција Фарат.

Агенцијата наведува дека припадниците на ИД го напуштиле градот по нападот на турската армија.

Претходно, локални медиуми јавија дека турските специјални сили влегле во Џараблус од север и од запад и воспоставиле контрола над градот. Тие јавуваат и за загинати и повредени лица, нагласувајќи дека е итно е потребна медицинска помош.

Турски тенкови утрово ја преминаа сириската граница. Тенковите имаа поддршка од воздух од воените авиони на коалицијата предводена од САД против ИД.

Официјална Анкара соопшти дека воената операција е со цел ликвидирање на позициите на ИД во близина на границата со Турција. Турската армија ги поддржува вооружените формации на умерената опозиција, која се бори против ИД.

Претходно, сириските Курди го осудија денешното навлегување на Турција во градот Џараблус. Тие тоа го оценија како „објавување на војна“.

- Турското вмешување во Џараблус е нарушување на суверенитетот на Сирија... и објавување на војна на (курдската) автономна администрација и федералниот систем, изјави Алдар Халил, член на сириската курдска Партија Демократски сојуз.

Во март Партија Демократски сојуз и неколку групи нивни сојузници прогласија федерален систем на администрацијата во северна Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...