Во Турција денеска без работа останаа уште 2.800 судии и обвинители

Анкара, 24 август 2016 (МИА)  - Турските власти денеска од работа отпуштија повеќе од 2.800 судии и обвинители, што е најнова епизода во чистките почнати по неуспешниот обид за преврат од 15 јули, објави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Во Турција по обидот за државен удар, за кој официјална Анкара го обвини исламскиот верски лидер Фетула Ѓулен, од работа се отпуштени или суспендирани околу 80.000 лица од државната служба, судството и полицијата, пренесоа британските медиуми.

Турската Влада тврди дека следбениците на Ѓулен со години наназад работеле на тоа да се инфилтрираат во државните институции со цел да ја соборат власта.

Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен прогон во американската сојузна држава Пенсилванија, ги негира обвинувањата на официјална Анкара и го осуди обидот за пуч.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...