Германија ја поддржа воената операција на Турција против ИД и курдските милиции во Сирија

Берлин, 24 август 2016 (МИА) - Германија ја поддржува воената операција, што Турција ја почна во Сирија против џихадистичката група Исламска држава, но и против курдските милиции на границата меѓу двете земји, пренесоа француските меидуми.

Откако подвлече дека делот на турската операција, што е насочен против ИД, е „во склад со целите и намерите на коалицијата за борба со ИД“, портпаролот на германската дипломатија Мартин Шефер изјави дека се почитува одлуката на Анкара да се бори со курдските групи во Сирија, и покрај тоа што тие се сојузници на Западот во сирискиот конфликт, забележаа француските медиуми.

-Турција, со право или не, смета дека има врски меѓу ПКК од турска страна, која и ние ја сметаме за терористичка организација, и поголем дел од Курдите од сириска страна. Ние го  почитуваме тоа и сметаме дека е законско право на Турција да реагира на овие терористички активности. Ние ја  поддржуваме Турција во ова прашање, изјави портпаролот на германското МНР.

Турската армија, поддржана од силите на меѓународната антиџихадистичка коалиција, денеска почна воена операција во Сирија со борбена авијација и специјални единици, за да ја протера ИД од сирискиот пограничен град Џараблус.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, меѓутоа, соопшти дека офанзивата е насочена и кон курдската партија „Демократски сојуз“, и покрај тоа што САД, разгневувајќи ја Анкара, ги поддржуваат Курдите, кои постигнуваат воени успеси против џихадистите во Сирија, забележуваат француските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...