Турција сака нормализирање на односите со Египет

Анкара, 25 август 2016 (МИА) – Турскиот премиер Бинали Јилдирим нагласи дека е потребно нормализирање на односите со Египет кои се влошија откако армијата го собори од власт во 2013 година претседателот исламисти Мохамед Морси.

– Ние имаме заеднички вредности со египетскиот народ – вера, култура, заеднички регион. Неопходно е да ги нормализираме односите со Египет и за нас и за нив бидејќи не може да се продолжи вака, изјави синоќа турскиот премиер.

Тој додаде дека сега „сите ќе имаат корист од нормализирање на односите“.

Односите меѓу Турција и Египет се влошија по соборувањето на Морси од власт. Анкара го осуди обидот за преврат и насилствата за преземање на власта од страна на армијата во Каиро. Од своја страна, Египет го оквалификува тоа како неприфатливо мешање во внатрешните односи.

Во ноември 2013 година Египет го отповика својот амбасадор од Анкара и го прогласи турскиот колега во Каиро за персона-нон-грата. Оттогаш дипломатските односи им се на ниво на вршител на должност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...