Коѕиас: Судбината на осуммината турски војници ќе биде решена на грчките судови

Скопје, 25 август 2016 (МИА) - Судбината на осуммината турски војници осомничени за  учество во обидот за воен удар во Турција од 15 јули ќе биде решена на судовите во Грција, со примена на грчкото и европско право, изјави денеска во Скопје грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.

Коѕиас тоа го кажа во одговор на новинарско прашање до каде е постапката и дали се преземени конкретни чекори за екстрадиција на осумте турски војници осомничени за учество во воениот удар во Турција. Шефот на грчката дипломатија денеска беше во работна посета на Скопје на покана на македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

- Како што знаете во следните денови имам чест да бидам домаќин на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и ќе разговараме за односите меѓу Турција и Грција по последната криза. За тоа како по кризата да продолжиме со дискусија и да најдеме нови патишта за соработка, изјави Коѕиас. 

Грчкиот министер за надворешни работи посочи дека уште од самиот почеток Грција била против обидот за воен удар во Турција.

- Знаете во 1967 година и јас и целиот грчки народ бевме жртва на еден таков обид и таква хунта во Грција. Лично секогаш се борам за повеќе демократија, штитење на правата и доброто на народот. Противник сум на таквите обиди и секогаш сум за демократијата, истакна Коѕиас.

Според Коѕиас, судовите ќе треба да истражат и потврдат дали овие осум луѓе учествувале во воениот удар во Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...