Продолжува апсењето на универзитетските професори во Турција

Анкара, 28 август 2016 (МИА) - Четириесет вработени на Универзитетот Ататурк во Ерзурум, централна Турција се приведени во рамките на истрагата против терористичката организација на Фетулах Ѓулен, јави турската приватна телевизија НТВ.

Полицијата извршила претрес во Универзитетот при што се приведени 36 професори и доценти, како и четворица службеници.

Полицијата трага по уште четири лица.

По обидот за воен удар на 15 јули турските власти почнаа масовни чистки под обвинение дека се поддржувачи на Ѓулен. ми/13:39

###



Неофицијална средба на министрите за надворешни работи на Грција и Турција на Крит

Атина, 28 август 2016 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Грција и Турција се сретна денеска на грчкиот медитерански остров Крит, каде одржаа неформални разговори, пренесе грчкото државно радио, пренесува ДПА.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу разговарале за неуспешниот обид за преврат во Турција, миграциската криза, безбедноста и други регионални прашања.

Двајцата министри разговарале и за осумте турски војници кои избегаа во Грција по обидот за преврат и кои бараатт азил во оваа земја.

Турција инсистира војниците да бидат екстрадирани. а официјална Атина ги разгледува нивните апликации за азил и неколкупати потенцира дека судот ќе донесе одлука за ова прашање. ссм/16:16

###



Укината забраната за чартер летови меѓу Русија и Турција

Москва, 28 август 2016 (МИА) - Укината е забраната за чартер летови меѓу Русија и Турција, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за сообраќај.

За оваа одлука информирани се руските авио компании, како и системот на управа со воздушен сообраќај, јави ТАСС. ссм/16:19

###

 
 



Вујановиќ не очекува инциденти после демаркацијата на границата

Подгорица, 28 август 2016 (МИА) - Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ изјави дека не очекува дека ќе дојде до инциденти на границата со косово откако ќе биде ратификуван Договорот за демаркација на граничната линија на Црна Гора со Косово во парламентот во Приштина.

- Во Косово никој нема никаква причина да искажува некакво незадоволство кон Црна Гора, изјави Вујановиќ, дополнувајќи дека договорот е направен преку многу внимателен однос во Виена и ратификуван во Црна Гора.

Вујановиќ оцени дека ратификацијата е „работа на внатрешните односи во Косово“ и додаде дека Црна Гора на тоа гледа со разбирање, пренесува РТЦГ.

На прашањето дали е запознат со заканите од т.н. Абанска народна армија (АНА) дека ќе дојде до војна доколку биде ратификуван договорот, Вујановиќ кусо одговори дека за тоа дознал од медиумите, „како и сите други граѓани“. ссм/17:56

###








Чешка до крајот на годината нема да прифати мигранти од Турција

Прага, 28 август 2016 (МИА) - Чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец изјави дека Чешката Република до крајот на оваа година нема да прими ниту еден мигрант од Турција.

- До крајот на годината нема да земеме никого, затоа што безбедносните проверки се многу прецизни, рече Хованец додавајќи дека сето тоа е потребно заради сериозната ситуација во Турција каде според него не се знае дали имало „обид за воен удар или контра воен удар".

- Турците денес многу ефективно воено интервенираат, но јас се плашам дека тоа не е во полза на луѓето во Сирија, туку тие си го решаваат конфликтот со Курдите, рече Хованец, изразувајќи стравување од дестабилизација на Турција.

Тој оцени дека доколку не се исполни договорот меѓу ЕУ и Турција, можно е да се зголеми бранот на бегалци на пролет идната година и подвлече дека не треба да се укинат визите заради неисполнувањето на обврските од турската страна.

Во врска со миграцијата, Хованец додаде дека Чешка треба да отпочне дипломатска офанзива насочена кон Грција за земјата да почне да ги исполнува обврските кон бегалците, јави дописникот на МИА од Прага.

- За жал, Грција треба да биде еден вид „бегалски логор" каде мигрантите ќе знаат дека ќе бидат затворени, проверени и вратени од каде што дошле, рече Хованец.

Тој најави дека на крајот на месецот со Германија ќе разговара за поголем мониторинг на границата, во случај земјата да почне да ги враќа бегалците до земјите од каде потекнуваат.

Тој изрази поддршка за идејата на чешкиот премиер Бохуслав Соботка за формирање на европска Армија. сќ/ссм/18:19

###



Меркел ги повика граѓаните од турско потекло да не ги пренесуваат во Германија конфликтите од Турција

Берлин, 28 август 2016 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика денеска граѓаните од турско потекло активно да учествуваат во германското општество и да не ги пренесуваат во Германија конфликтите од Турција, пренесува БТА.

- Прво и пред се, не треба да бидат пренесени конфликтите кои постојат во Турција во Германија, рече таа во интервју за државната телевизија А Ер Де.

- Наместо тоа, оние кои живеат тука со години и веројатно имаат и германско државјанство, треба да учествуваат во развојот на земјата и ако го сакаат тоа, ние би ги поздравиле за тоа, рече германската канцеларка.

Меркел доби критики порати интервју во „Пасауер Ноје Пресе" во вторникот, во кое вели: „Очекуваме луѓето со турско потекло кои живеат во Германија долго време да имаат висок степен на лојалност кон нашата земја".

Меркел, во денешното интервју, уште посочи дека се уште не е подготвена да каже кога ќе објави дали ќе се кандидира за нов мандат, јави ТАСС. ссм/19:06

###

 



Меркел: ЕУ треба да го продолжи дијалогот со Турција

Берлин, 29 август 2016 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа, во интервјуто за телевизијата „АРД“, оцени дека ЕУ треба да го продолжи дијалогот со Турција. 

- Треба да го продолжиме дијалогот, раководејќи се од нашите видувања за демократијата, нагласи Меркел. 

Во одговорот на прашањето за ситуацијата со демократијата во Турција, Меркел истакна: Не сакам да давам оценки, но одново и одново, забележуваме дефицит. 

- Сметам, дека беше правилно да го осудиме пучот, како што очекуваше од нас Турција, изјави германската канцеларка, и додаде дека е неопходно „да зборуваме едни со други, а не едни за други“, што често води во дипломатијата до добри резултати“.

По повод можноста тензиите од случувањата во Турција да се пренесат во Германија, Меркел објасни дека таа е канцеларка и на сите Турци, кои живеат во Германија, јави ДПА. см/ссм/07:37

###



Грција почнува нови преговори со кредиторите

Атина, 29 август 2016 (МИА) - Владата на Грција од денеска започнува нов круг преговори со меѓународните кредитори, за добивање на следната транша од 2,8 милијарди евра во рамките на планираната финансиска помош. 

Изворите велат дека властите ги очекува нова битка со Брисел и дека почетокот на сето тоа е денеска, кога ќе се случи првата средба на министерот за финансии Евклидис Цакалотос со економски тим во европската престолнина, како подготовка на состанокот на Еврогрупата на 9 септември. 

Планирани се и други средби, на коишто ќе бидат отворени горливите прашања за кои допрва треба да биде постигната согласност, за да се стигне до деблокада на наредната транша од 2,8 милијарди евра од третиот пакет. 

Цакалотос денеска ќе се сретне со еврокомисарот Пиер Московиси.  си/ссм/08:38

###



Рот: Наскоро решение за проблемите за посетата на нашите војници во Турција

Берлин, 29 август 2016 (МИА) - Германија и Турција напредуваат во решавањето на проблемите во врска со турската забрана германските престставници да ги посетат 250 германски војници кои се стационирани во базата Инџирлик, изјави државниот секретар Михајл Рот. 

Германскиот државан секретар задолжен за Европа, кој пред кратко време се врати од Анкара, изјави дека е постигнат „голем напредок“ по тоа прашање за кое вели дека ќе биде „наскоро решено“. 

Турција, огорчена од одлуката на германскиот парламент, насилството врз луѓето во Ерменија во 1915 година да се прогласи за геноцид, забрани посета на германските војници во меѓународната воздушна база во Турција. см/ ссм/10:50

###



Во Грција покрената истрага за напад на полицаец врз бегалец при спасувачка операција

Атина, 29 август 2016 (МИА) – Грчкиот министерот за поморска трговија Теодорос Дрицас и началникот на крајбрежната стража Стаматис Раптис наредиле де се спроведе истрага, откако на Интернет се појави видео во кое се гледа како припадник на крајбрежната стража напаѓа бегалец.

Во видеото, кое е поставено на „HYPERLINK "http://www.dailymotion.com/video/x4qeu3a_greek-coast-guard-officer-beat-refugee_people" \nДејлимоушн“, сe гледа како припадник на грчката крајбрежна стража псуе бегалец и го удира по грбот, за време на операција за спасување. јт/ссм/09:48

###



Турското Министерство за здравство ја презеде контролата врз 32 воени болници

Анкара, 29 август 2016 (МИА) - Турското Министерство за здравство ја презеде контролата над 32 воени болници, пренесува БТА.

Контролата над воените здравствени институции,  во 26 турски окрузи, беше предадена вчера на Министерството за здравство во рамките на преструктурирањето на војската, со цел проширување на цивилната контрола врз турските вооружени сили. 

Во соопштението на Министерството за  здравство е наведено дека воените болници ќе продолжат да работат без прекин, и ќе бидат достапни за лекување на граѓаните. 

Турските власти, по обидот за преврат на 15 јули, соопштија дека вооружените сили во земјата ќе бидат преструктурирани со цел да се спречи обид за нов преврат. см/ссм/11:11

###



Косово: Фрлена експлозивна направа во домот на генералниот директор на РТК

Приштина, 29 август 2016 (МИА) - Во текот на изинатата ноќ експлозивна направа е фрлена во домот на генералниот директор на Косовската радио телевизија (РТК), Ментор Шали, во Приштина, јави ТАСС. 

- Експлозијата беше силна, се случи кога целото семејство беше во куќата. За среќа никој не е повреден, изјави Шали. 

Се претпоставува дека во домот на Шали била фрлена рачна бомба. 

Косовската полиција го истражува случајот. 

Ова е втор напад врз РТК во последните неколку дена. 

Претходно во дворот на телевизијата беше фрлена граната. см/ссм/11:50

###



Двајца турски војници се убиени при судир со курдите во југоисточна Турција

Анкара, 29 август 2016 (МИА) - Двајца турски војници се убиени денеска при вооружен судир со курдските бунтовници во округот Хакари, југоисточна Турција, соопшти турската телевизија НТВ. 

Судирот на силите за безбедност со борците од Курдската работничка партија (ПКК) се случил во шума покрај градот Шемдинли. 

Во реонот се испратени воени хеликоптери. 

ПКК е оквалификувана како терористичка организација од страна на САД, ЕУ и Турција,

Групата врши вооружени напади врз турската држава од 1984 година. см/ссм/11:51

###

 



Зголемен бројот на нови бегалци на грчките острови

Атина, 29 август 2016 (МИА) – Минатата недела значително е зголемен бројот на нови бегалци и мигранти кои пристинале на островот Лезбос, соопштија грчките власти.

Од понеделникот, 22 август, на Лезбос пристигнале 358 луѓе, на Хиос 78, а на Самос се регистрирани седум нови беглаци и мигранти.

Во близина на брегот кај Митилена само денеска се спасени вкупно 175 бегалци и мигранти во три операции. Тие се испратени во кампот во Мориа.

Денеска се пријавени уште два инциденти поврзани со 99 лица, кои се случиле во близина на пристаништето на Хиос.

Во меѓувреме, „Катимерини“ повикувајќи се на свои извори, јави дека денеска на островите Лезбос, Хиос и Кос пристигнале повеќе од 300 бегалци и мигранти.

Според информациите на весникот, 176 бегалци и мигранти пристигнале на Лезбос, на Хиос 89, додека 50 завршиле на Кос. Бројките ги потврдиле и претставници на локалната власт.

Според извештајот на Координативното тело за справување со бегласката криза, на Лезбос денеска пристигнале 124 луѓе, а на Калимнос 25 нови бегалци и мигранти. јт/ссм/11:22

###



Артилериска офанзива на турските сили во северна Сирија

Анкара, 29 август 2016 (МИА) - Турските воени сили извршија 57 артилериски напади врз 16 цели во северна Сирија во последниве 24 часа, изјави денеска турски воен претставник за западни медиуми, пренесува БТА.

Нападите  биле насочени кон „терористички групи во движење", посочи изворот, без да појасни дали се работи за сириските курдски Сили за заштита на народот или пак, за упоришта на Исламската држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...