САД ја предупредија Турција за нејзините акции во Сирија

Вашингтон,29 август 2016 (МИА) - САД за прв пат ја предупредија Турција околу нејзината операција во Сирија, порачувајќи дека борбите меѓу турските сили и протурските бунтовници, од една и Алијансата на курдсите сили, од друга страна, е неприфатливо и тоа мора веднаш да биде запрено.

Пратеникот на анти-ИД коалицијата, предводена од САД, Брет Мек Гарк, изјави дека Вашингтон настојува да спречи конфликт меѓу нејзините сојузници.

„САД не се вклучени во ова што сега се случува. Активностите се одвиваат некоординирано со американските сили кои не ги подржуваат војувањата„- изјави Мек Гарк.

Тој забележува дека судирањата каде не се присутни џихадистите на ИД  претставуваат „извор на сериозна загриженост„ на САД.

Турција почна операции на сириска територија тврдејќи дека настојуваат да ги потиснат и да ги уништат силите на ИД, но и на курдските „терористи„. 

Со помош на турската армија, протурските бунтовници од „сириската слободна армија„ ги протераа џихадистите од ИД од градот Џараблус, но потоа се насочија  кон соседните села, под контрола на Сириските демократски сили (СДФ), во кои главнината ја сочинуваат припадниците на курдската Единица за народна заштита (ЈПГ).

Турските сили одлучија да навлезат на сириската територија, откако здржените курдски единици, пред две недели, го освоија градот Манбиџ, што беше под контрола на ИД,  потпомогнати од американската авијација.

Офцјална Анкара стравува дека успехот на Курдите во Сирија и нивното запоседнување на северната граница, би можело да ги охрабри „терористите„ од  ПКК во Турција да го засилат своето дејствување во југостичниот дел од земјата и да побараат автономија.

Припадниците на курдската ЈПГ, меѓутоа, ја обвинуваат Анкара дека турските сили во Сирија имаат намера да го окупираат северот на сириската територија, за да создаат појас без курдско воено присуство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...