Во Тирана протест против демаркацијата на косовско-црногорската граница

Тирана, 30 август 2016 (МИА) - Пред амбасадата на Косово во Тирана одржан е протест против договорот за демаркација на косовско-црногорската граница.

На протестот беа носени и извикувани пароли „Албанците треба да земаат земја на Балканот, а не да даваат“, „Албанските креатори на политиката да се воздржат од предавство“, “Немаме земја за дарување“...

На истиот, учествуваа професори, академици и активисти на граѓанскиот сектор, со, како што пренесува тиранската телевизија Топ-чанел, јасно барање и повик до албанска влада да реагира, но и за Владата во Приштина да не дозволи да дарува, според нив 8.200 хектари земја на Косово.

Активисти на граѓанскиот сектор апелираа да се обединат за да одржат друг, помасовен протест  против демаркацијата на први септември пред Парламентот во Приштина, кога треба да се одржи седница со единствена точка на дневен ред - демаркацијата на границата со Црна Гора.

За телевизјата Топ Чанел, членот на Претседателството на Движењето „Самоопределување“ Елвис Хоџа најави дека опозицијата во Приштина нема да дозволи изгласување на Договорот, со кој, како што вели, Косово и отстапува на Црна Гора голема површина сопствено земјиште.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...