Картер: Курдските сили се повлекуваат на исток од Еуфрат во северна Сирија

Вашингтон, 30 август 2016 (МИА) - Американскиот министер за одбрана Ештон Картер изјави дека курдските Сили за заштита на народот (СЗН) се повлекуваат на истокот од реката Еуфрат, и ја повика Турција да се сконцентрира на борбата со Исламската држава (ИД), а не да ги напаѓа курдските борци, јави ТАСС. 

- Ја повикувам Турција да остане сконцентирана на борбата со ИД, а не да се занимава со Сириските демократски сили (СДС), нагласи Картер. 

Картер објасни, дека САД ги убедиле СДС да останат во источниот дел на Еуфрат, каде нема да влезат во конфликт со турските сили од западната страна на реката, и како едните така и другите да можат да вршат напади врз ИД од нивните позиции. 

Изјавата на Картер и претходното соопштение на Пентагон, се првите критики на САД за нивниот сојзник во НАТО, Турција, откако таа започна воени дејствија во северна Сирија со американска поддршка, со цел да им помогне на сириските бунтовници да го преземат градот Џараблус од ИД. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Анкара ќе продолжи со операциите во Сирија, се додека ИД и кордските сили не претстанат да претставуваат закана за неговата земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...