Брисел незадоволен од темпото со кое Атина ги спроведува мерките на кредиторите

Атина, 30 август 2016 (МИА) - Брисел не е задоволен од бавниот напредок на Атина во реализација на мерките кои ги наложија кредиторите, за кои Грција треба да ја добие следната транша од 2,8 милијарди евра од третиот спасувачки пакет финансиска помош, пишува „Катимерини“.

Еврокомесарот за економски и монетарни прашања, Пјер Московици ги предупредил грчките пратеници и министерот за финансии Евклидис Цакалотос дека нема место за повеќе одложувања и оти Атина мора да го забрза спроведувањето на договорените мерки.

Според весникот, Грција суштински заостанува во однос на овие мерки, особено со оглед на фактот дека Атина овој месец требаше да финализира 16 од нив, а исполни само две.

Следната транша од 2,8 милијарди евра и е неопходна на Грција затоа што земјата мора да врати долгови. Средствата треба да бидат исплатени преку Европскиот механизам за стабилност, и 1,7 милијарди од нив ќе одат за плаќање обврски на државата, а другите 1,1 милијарди евра за отплата на надворешен долг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...