|
|
Службеници од романските тајни служби обвинети за корупцијаБудимпешта, 30 август 2016 (МИА) - Неколку високи службеници во романските тајни служби се обвинети за корупција, соопшти романската антикорупциска Национална дирекција за борба со корупцијата (НДБК).
Обвиненија се покренати против управителот на Службата за внатрешна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Рареш Вадува, двајца негови претходници и тројца поранешни високопоставени службеници.
Истражителите од Букурешт ги товарат Вадува и неговите соработници за злоупотреби на работна должност, менување податоци во службени документи и за пренамена на финансии за лични потреби.
Последниве три години НДБК поведе правни дејствија против илјадници државни службеници.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори: - Што е ова? - Почнуваат вести - одговорил ученикот. |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
|
|
|
|