Чавушоглу: Без копнена операција не е можно да се победи ИД

Анкара, 20 септември 2016 (МИА) – Без копнена операција нема да е можна победа врз Исламска држава во Сирија изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за Си-Ен-Ен.

– Даваме поддршка на Слободната сириска армија во борбата против терористите и на секоја меѓународна средба нагласуваме дека без копнена операција таа терористичка организација не може да биде победена, изјави Чавушоглу.

Тој додаде дека Турција планира да го прочисти реонот на Манбиџ од ИД и да го претвори во зона на безбедност. Подоцна, истото би било направено во реонот на градот Ал Баб.

Чавушоглу изјави дека сирискиот град Рака и ирачкиот град Мосул се сметаат за главни упоришта на ИД и тие реони треба да се исчистат од терористи.

– Имаме еден непријател и треба заедно да дејствуваме против него. По операцијата во Џараблус се појави увереност дека ИД може да биде победена лесно. Ќе напоменам дека против 65 држави од коалицијата дејствуваат 30 илјади борци на ИД, изјави турскиот министер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...