Тачи: Изјавите за нова војна во Косово се смешни, апсурдни и опасни

Приштина, 22 септември 2016 (МИА) - Косовскиот претседател Хашим Тачи остро реагираше на изјавата на екс-лидерот на движењето „Самоопределување“ и актуелен пратеник во косовскиот Парламент, Албин Курти, дадена во Тирана, во која предупреди дека „во следните 4 до 5 години има шанси во Косово повторно да дојде до војна поради демаркацијата на границата со Црна Гора“.

Како што јави дописникот на МИА, Тачи за весникот „Експрес“ изјавата на Курти ја оцени како „смешна, апсурдна, опасна и неприфатлива“, нагласувајќи дека „војната во Косово завршила со прогласувањето на независноста“.

- Со прогласувањето на Косово за независна и суверена држава зацврстени се мирот, стабилноста и соработката во западен Балкан. Уште повеќе слободата и независноста на Косово стави крај на крвавите војни од минатиот век, изјави Тачи.

Но, додава тој, секогаш има разни актери кои не се согласуват и не го прифаќаат мирот и соработката поради разни причини. Затоа, според Тачи, претензиите и повикот за војна и конфликт колку што се смеши и апсурдни, толку се и опасни и неприфатливи.

Косовскиот претседател ги повика граѓаните да не се воземируваат поради изјавата на Курти.

- Ги повикувам граѓаните да не потпаѓаат под влијание на вакви потикнувачки изјави и повици за војна. Косово има сопствени државни институции кои заедно со НАТО се грижат за слободата и територијалниот интегрите на Република Косово, им порача Тачи на граѓаните на Косово.

На неговата изјава веднаш реагираше Курти.

- Така наречениот претседател на Косово, покрај другото, вели дека мојата изјава била и смешна, но и опасна. Како може да биде смешна, а во истовреме и опасна? Но, можно е кога еден игнорант се инсталира како „претседател“. Се согласувам дека (поранешната претседателка на Косово) госпоѓа Јахјага беше пологичен избор од овој абдал!, напиша Курти на својот профил на Фејсбук.

Тој го повтрува ставот дека договорот со Црна Гора е „договор за капитулација на Косово“ и оти со издејствувањето да се повлече договорот за демаркација на границата од дневен ред на Парламентот неговата партија „на Косово му спасила 8.200 хектари површина“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...