Ердоган: Турција е подготвена заедно со САД да се бори против ИД во Рака

 

Анкара, 25 септември 2016 (МИА) - Турција е подготвена да се приклучи кон САД во воената операција за протерување на Исламска држава од сирискиот град Рака, доволно е само тие да ги исклучат од воените дејствија силите на курдските бунтовници, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Турција, која е членка на НАТО и е дел од коалицијата, предводена од САД, во борбата против ИД, пред еден месец им помогна на бунтовниците од Слободната сириска армија да го преземат градот Џараблус од џихадистите. Анкара е само против курдската Партија на демократскиот сојуз, која е поддржана од САД, и нејзината милиција поради проблемите со Курдите, со кои се бори во сопствената земја.

- Нашиот министер за надворешни работи и воените власти го разгледуваат заедно со САД прашањето за Рака. Ние заедно со нив ги споделивме нашите услови, истакна Ердоган.

Тој нагласи дека „за Турција е важно да дејствува заедно со САД, и доколку Вашингтон не ги вмеша курдските сили во воената операција, тогаш битката за Рака може да биде заедничка“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...