Бан Ки-мун: Лидерите на двете кипарски заедници ќе ги активираат преговорите за обединување

Њујорк, 26 септември 2016 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун вети дека ќе им даде поддршка на лидерите на двете кипарски заедници во решавачката фаза од преговорите за обединување на островот, изјави самиот тој по трилатералната средба со претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадис, и лидерот на непризнатата турската република Северен Кипар, Мустафа Аканџа.

Разговорите се оддржаа вчера во седиштето на ОН, пренесе ТАСС.

Според Бан Ки-мун, средбата била продуктивна и на неа била разгледана актуелната ситуација со преговорите за обединување на Кипар.

-Тие ме информираа дека планираат да ги активираат преговорите по нивното враќање во Кипар. Ги повикувам максимално да ја искористат оваа можност и искрено, без пролонгирање, да ги решат останатите прашања, изјави генералниот секретар на ОН.

Тој соопшти дека лидерите на двете заедници од него побарале поактивно учество во мировниот процес.

-Јас сум подготвен да ги поддржам со се што им е неопходно, вклучувајќи ги и меѓународните аспекти на проблемот. Претстојниот период ќе биде исклучително важен за Кипар. Времето има определено значење. ОН и јас лично ќе направиме се што е можно за да обезбедиме успешен резултат, подвлече Бан Ки-мун.

Тој пред новинарите излезе придружен од Анастасиадис и Аканџа и на крајот од неговата изјава лидерите на двете кипарски заедници си ги стегнаа рацете, забележа ТАСС.

Кипар е поделен на два дела од 1974 година, кога Турција упадна на островот по државниот преврат на приврзаниците на идејата за обединување со Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...