Додик: Република Српска е држава и во неа ќе има нови референдуми

Белград, 26 септември 2016 (МИА) - Вчерашниот референдум во Република Српска, на кој 99,8 проценти од гласачите го поддржаа 9 јануари како Ден на Република Српска, е централна тема во денешниот српски печат.

- Денеска напишавме уште една страница од нашата славна историја и кажавме дека сме народ кој се бори за слобода, за своето право, правото што го извојувавме и кое никого не навредува, изјави синоќа пред своите приврзаници во Пале, крај Сараево, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој овој дел од Босна и Херцеговина го нарече „држава“, пишува белградскиот весник „Блиц“.

Согласно Дејтнсккиот мировен договор,со кој заврши војната во Босна и Херцеговина во 1995 година, Босна и Херцеговина е составена од два административни дела - хрватско-муслиманската Федерација БиХ и Република Српска.

Додик изјави дека Република Српска е создадена како „последица на распадот на Југославија“ и дека слободата на српскиот народ е „гарантирана само тогаш кога тој имал држава“.

- Затоа републиката како држава е важна. Република Српска е држава. На училиште учев дека има три основни критериуми, според кои нешто може да се нарече држава, а тоа се: територија, ефективна власт и народ, кој ја сака таа држава. Што и недостига на Република Српска? Ништо, изјави Додик, цитиран од „Блиц“.

„Вечерње новости“ го потенцира одговорот „да“ на Додик на прашањето дали ќе има референдуми за судот и обвинителството.

- На Бакир Изтебеговиќ му беше даден најдобриот одговор. Би било пригодно тој денеска да молчи, но тој веќе почна да крева врева, рече уште Додик.

Изетбеговиќ синоќа изјави дека референдумот е израз на инаетот на Милорад Додик, кого го очекува судбината на Садам Хусеин, Моамер Гадафи и Слободан Милошевиќ, пишува „Новости“.

Изетбеговиќ смета дека ќе следи реакција од меѓународната заедница.

- Видивме како предизвикуваат Хусеин, Гадафи и Милошевиќ и што им се случи, рече тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...