„Газпром“ доби дозвола за изградба на „Турски поток“ по две траси

Москва, 29 септември 2016 (МИА) - Рускиот енергетски гигант „Газором“ по диполомастки канали добил дозвола за изградба на гасоводот „Турски поток“ по две траси низ територијалните води на Турција, јави ТАСС.  

Кон средината на овој месец „Газпром“ соопшти дека од Турција добила „зелено светло“ за изградбата на морскиот дел од трасата на гасоводот „Турски поток“.

Првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер тогаш изјави дека компанијата наишла на „оперативност и соработка“ од страна на турските партнери во првата етапа од реализација на проектот „Турски Поток“.

Планот за изградба на „Турски поток“ беше изработен откако под притисок на ЕУ, пропадна проектот за реализација на гасоводот „Јужен поток“. Новиот план предвидуваше трасата од овој гасовод од рускиот брег преку Црното Море да завршува во Бугарија, додека со новиот проект „Турски поток“ гасоводот треба да оди до Турција.

Меѓутоа, реализацијата на проектот „Турски поток“ беше запрена по кризата во односите меѓу Анкара и Москва, предизвикана со уривањето на руски воен авион од страна на турските сили над сириската граница лани во ноември.

Со затоплување на однсите меѓу двете земји на почетокот на летово, еден од постигнатите договори предвидуваше и возобнова на проектот „Турски поток“.

Планот предвидува гасоводот да започнува на рускиот црноморски брег и преку дното на Црното Море да излегува во северозападна Турција, а од таму да продолжи до границата со Грција, а потоа и кон балканските земји.

Должината на морската траса од гасоводот треба да изнесува околу 910 километри, додека копнениот дел низ турската територија ќе биде долг 180 километри. Гасоводот треба да има четири цевки, низ кои би минувале 15,75 милијарди кубни метри гас годишно.

Предвидено е изградбата на „Турски поток“ да чини 11,4 милијарди евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...