Бохемен: Бокова останува на листата на кандидати за генерален секретар на ОН

Њујорк, 30 септември 2016 (МИА) - Генералниот секретар на УНЕСКО, Ирина Бокова, останува на листата со претенденти за функцијата генерален секретар на ОН, и покрај одлуката на бугарската Влада да ја постави за нов кандидат европскиот комесар за буџет и човечки ресурси, Кристалина Георгиева.

Ова го изјави новозеландскиот постојан претставник во организацијата Џерард ван Бохемен, ротациски претседател на Советот за безбедност на ОН во септември, јави ТАСС. 

- Настанатата ситуација беше разгледана на затворената седница на Советот за безбедност, изјави Бохемен. 

- Луѓето сакаа да дознаат дали еден или двајца кандидати ќе има од страна на Бугарија. Како резултат на тоа, ќе имаме еден кандидат со официјална поддршка од бугарската Влада, и уште еден, кој останува во натпреварот, истакна Бохемен, и додаде дека ниту еден од членовите на СБ на ОН не се изјаснил против тоа. 

На тој начин Ирина Бокова продолжува да учествува во изборите за генерален секретар на ОН во лично својство, забележа ТАСС. 

Позицијата на генерален секретар на ОН, која од 2007 година му припаѓа на Јужнокореецот Бан Ки Мун, од 1 јануари ќе биде ослободена.

Кандидат за оваа позиција од Македонија е поранешниот министер за надворешни работи Срѓан Керим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...