Грција: Изјавата на Ердоган за Лозанскиот договор е провокација

Атина, 30 октомври 2016 (МИА) - Атина ја оценува како провокација изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Лозанскиот договор од 1923 година, со кој се определуваат современите граници на Турција и нанел штета на неговата земја.

Ердоган пред регионалните шефови го подложил на критика Лозанскиот договор, наведувајќи дека тој претставува навреда за Турција и оти врз основа на него на Грците им биле дадени островите, јави грчкиот портал ин.њуз, пренесува БТА.

- Противниците на Турција за време на Првата светска војна не принудија да го потпишеме Северскиот договор од 1920 година и не наговорија да го потпишеме Лозанскиот договор од 1923 година. Се обидоа да не измамат, претставувајќи го тој договор како победа. Но се е јасно. Во Лозана ние и ги дадовме на Грција островите во Егејското Море, местата од кои се чуваат нашите брегови. Таму има наши светињи и наши џамии. Ние и досега се бориме за крајбрежјето. Тој проблем се појави поради оние, кои седнаа на преговарачката маса во Лозана и не успеаја да ги заштитат нашите права, рече Ердоган.

Координаторката на прашањата за надворешна политика и одбрана на партијата Нова демократија, Дора Бакојани изјави дека со оваа изјава Ердоган дополнителни ги отежнал и онака тензичните односи меѓу Грција и Турција.

Таа го повика грчкото Министерство за надворешни работи итно да реагира, нагласувајќи дека секое оспорување на постоечките договори, кои се основа на за грчко-турските односи, ги крие проблемите што може да се појават.

Претставник на Демократскиот блок составен од партиите ПАСОК и Демократската левица ДИМАР изјави дека „опијанувањето“ на Ердоган од неговата победа против оние кои се обидеа за извршат пуч не е никакво оправдание за давање „налудничави изјави“ и го повика итно да ја прекине неодговорната политичка тактика.

Грчката Комунистичка партија соопшти дека изјавата на Ердоган е опасна и провокативна и во рамки на системските напори на турското раководство да ги оспори егејските острови и воопшто границите и суверените права на Грција.

- Ја повикуваме Турција да не се обидува да создаде ново жариште на тензии, со тоа што оспорува еден меѓународен договор, со кој се уредуваат прашањата за нејзините граници и положбата на малцинствата и да го почитува потписот, што таа го ставила во Лозана, се наведува во соопштението на партијата Потами.

Сојузот на центристите коментира дека изјавата за Ердоган за оспорување на Лозанскиот договор од 1923 година ги поткопуват грчко-турските односи, го пресекува европскиот пат на Турција и ја враќа во улогата на предизвикувач на неволји на Балканот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...