ОН ќе го сослушат бугарскиот кандидат за генерален секретар на организацијата

Њујорк, 30 септември 2016 (МИА) - Генералното собрание на ОН во понеделник (3 октомври)  ќе го сослуша новиот бугарски кандидат за генерален секретар на Светската организација, Кристалина Георгиева, изјави претседателот на 71-та годишна сесија на Генералното собрание Питер Томсон. 

- Новиот бугарски кандидат за генерален секретар на ОН ќе биде третиран на исто ниво како и другите претенденти, истакна Томсон. 

Георгиева е бугарски дипломат, а во моментов е европски комесар за буџет и човечки ресурси и поранешен економист во Светската банка, која во средата, успеа да влезе во натпреварот за највисоката функција во ОН. 

Со тоа бугарската Влада ја претстави како нејзин кандидат, и ја даде потребната поддршка, која ја одземе од кандидатот Ирина Бокова, која беше номинирана во февруари. 

Како што одлучи Советот за безбедност на ОН, Бугарија на листата со претенденти за функцијата Генерален секретар на ОН, ќе има двајца кандидати, Георгиева и Бокова, со тоа што Георгиева ќе се претставува со поддршка од бугарската Влада, додека Бокова во лично својство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...