Атина бара начини да го намали притисокот од бегалската криза врз грчките острови

Атина, 30 септември 2016 (МИА) – Во обид да го олесни притисокот на островите во источниот дел на Егејското Mоре, официјална Атина, наводно, испитува начини да се овозможи префрлање на бегалци и мигранти во затворени кампови на копното без да го прекрши договорот меѓу Европската унија и Турција за намалување на приливот на бегалци, јави дописникот на МИА од грчката престолнина.

Бегалците и мигрантите, кои на грчките острови пристигнале после 20 март, не се вклучени во таканаречената преселба и на тој начин не можат легално да патуваат во друга членка на ЕУ, и остануваат заглавени на островите.

- Тие не можат да бидат вклучени во програмата за преселба во согласност со одлуката донесена во јуни од страна на Советот за внатрешни работи, изјави шефот на грчката служба за азил Марија Ставропулу за „Катимерини“.

Исклучувањето на новите мигранти од шемата на релокација е воведено со цел да се обесхрабрат мигрантите кои доаѓаат во Грција.
Сепак, пишува „Катимерини“, сржта на проблемот е што бегалците кои пристигнале пред 20 март стигнале до копно, додека оние кои дошле после, се заглавени на островите се додека не заврши обработката на нивните барања за азил. Оние чии барувања се одобрени можат да патуваат на копно, додека мигрантите чии барања биле одбиени мора да се вратат во Турција.

Од април до денеска, во Турција, во согласност со договорот, се вратени само 587 мигранти, а во истиот период се регистрирани повеќе од 15.000 нови пристигнувања.

На копно има 6.224 мигранти кои имаат право да се преселат во друга земја-членка. Земјите членки на ЕУ се обврзаа да примат 8.000 луѓе, но до сега се преселени само 3.407 мигранти.

Премиерот Алексис Ципрас и градоначалникот на Лезбос Спирос Галинос во понеделник ќе одржат состанок на кој ќе се дискутира за последиците од бегалската криза на островот.

- Тоа нема да биде само уште еден состанок. Очекувам Владата и опозицијата да дадат предлози во насока на преместување на речиси 5.500 луѓе кои се на островот и денес, но, исто така, за поддршка на локалните заедници. На средбата, покрај предлозите, очекувам одлуки, секогаш во иста насока, изјави Галинос за грчката државна новинска агенција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...