Над 42 проценти од населението во Романија влезе во категоријата „енергетска сиромаштија“

Букурешт, 30 септември 2016 (МИА) - Над 42 проценти од населението во Романија влезе во таканаречената категорија „енергетска сиромаштија“, односно има проблем со плаќањето на месечните сметки, изјави Емил Калота, заменикот-претседател на Националната агенција за енергетско регулирање.

- Потребата од 100 киловат-часови месечно во домаќинствата претставува потреба, која ни покажува на кое ниво е економскиот и социјалниот развој, кој го имаме во селските региони. Да не ја заборавиме цифрата која сите ја знаеме, над 42 проценти од населението во Романија влезе во таканаречената категорија „енергетска сиромаштија“, односно луѓе кои имаат проблем со плаќањето на месечните сметки, објасни Калота. 

- Од аспект на потребите за енергија, Романија во моментов има атипична структура, забележа заменик-претседателот на Националната агенција за енергетско регулирање.

Како што вели тој, во последните три години основниот потрошувач па енергија во сите форми - електрична енергија, природен гас, топлотна енергија и нафтени деривати, не е индустријата туку домакинствата. 

- Со други зборови населението во Романија, во неговата социјално-економска структура - 49 проценти во селскиот регион и 51 процент во градовите, е основен потрошувач на енергија во Романија, забележа Калота.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...