Обвинителството во Истанбул нареди апсење на над 160 службеници во судови и затвори

Истанбул, 30 септември 2016 (МИА) - Истанбулското Главно обвинителство денеска издаде наредби за апсења на 87 службеници од три суда во Истанбул, како и на 75 вработени во повеќе турски затвори, во рамки на истрагата против таканаречената ѓуленистичка терористичка организација (ФЕТО), информираа турските медиуми.

Издадени се наредби за апсења на службеници во истанбулските судови Чаглајан, Газиосманпаша и Бујукчекмеџе.

Акции за апсења се преземени во судови во уште 23 турски окрузи, информира телевизијата НТВ.

Обвинителството нареди да се приведат и службеници од затворите Силиври, Метрис, Бекаркој.

Против осомничените се покренати обвиненија за „извршување дејствија во корист на целите на групата, „користење на мобилната апликација Бај лок“, (BYLock), „извршување трансакции за Банк Асија“ и др.

Турските власти сметаат дека групата ФЕТО, на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стои зад обидот за преврат во Турција, што беше изведен на 15 јули.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...