Турција и Грција преговараат за воведување поморска линија Солун-Измир

Анкара, 26 октомври 2016 (МИА) - Турција и Грција работат на проектот за воведување поморска линија меѓу Солун и Измир, која се очекува да стартува на почетокот на 2017 година, пишува турскиот весник „Хуриет Дејли Њуз“. 

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис ја посети Анкара, за да разговара со турските власти за проектот за поморската линија од Солун до Измир, со која ќе бидат превезувани патници, автомобили и камиони.

Во интервју за „Хуриет Дејли Њуз“, Бутарис истакна дека со воведувањето на оваа линија ќе се создаде можност за поголема посета на турски туристи во Солун. 

Тој додаде, дека пет илјади Турци ја посетиле куќата на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк во Солун на 10 ноември, кога се одбележува годишнината од неговата смрт. 

- Ставовите на Грците за Турците и за Ататурк во текот на изминатите години се променија. Се повеќе турски туристи го посетуваат Солун. Освен тоа, Турците и Грците треба да разберат дека треба да живееме како добри соседи, истакна градоначалникот на Солун.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...