Пожар на грчкиот остров СиросАтина, 26 октомври 2016 (МИА) - На грчкиот остров Сирос вчера доцна попладне избувна пожар, кој моментално е делумно локализиран пред да се прошири кон населени места.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, локалните власти соопштија дека две противпожарни возила и два камиони со резервоари за вода се уште работат во областа на Агиа Марина, во јужниот дел на островот.
|