Црна Гора ги продолжи санкциите кон Русија

Подгорица, 25 октомври 2016 (МИА) - Црна Гора ги продолжи своите санкции кон Русија до 15 март 2017 година, соопшти Советот на ЕУ.

Во соопштението се наведува дека и четири други земји ги презеле истите мерки. Тоа се Албанија, Лихтенштајн, Норвешка и Украина.

„Земјите ќе обезбедат нивните национални политики да ја следат одлуката на Советот. ЕУ ги поздравува овие преземени обврски“, стои во документот.  си/ссм/13:44

###



Боздаг: Тоа што е Осама бин Ладен за САД, тоа е Фетулах Ѓулен е за Турција

Анкара, 25 октомври 2016 (МИА) - Тоа што е лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен за САД, тоа е Фетулах Ѓулен за Турција, изјави денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг пред да отпатува за Вашингтон каде ќе се сретне со американската колешка Лорета Линч.

Тој наведе дека досега се доставени четири досиеја до САД поврзани со Ѓулен.

- За време на посетата на САД ќе имам можност да разговарам за проблемот со колешката Линч, посочи Боздаг.

Тој додаде дека доказите што ги доставиле турските власти до САД за Ѓулен, се повеќе од доволни. ми/ссм/13:53

###

 



Пожар на Лезбос

Атина, 25 октомври 2016 (МИА) – На грчкиот остров Лезбос гори пожар кој уништува земјоделски насади и шумска вегетација, јавуваат грчките медиуми.

Локалните власти соопштија дека огнетата стихија се гаси и од копно и од воздух.

Грчката противпожарна служба во последните 24 часа интервенирала при седум пожари низ целата земја. јт/ссм/13:51

###



На грчките острови има повеќе од 11.500 бегалци и мигранти

Атина, 25 октомври 2016 (МИА) – На грчкиот остров Самос во последните 24 часа пристигнале 82 нови мигранти, со што бројот на бегалци блокирани на овој остров достигна 2.126 лица.

Ова е рекорден број бегалци кои се регистрирани на Самос од потпишувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција, додека сместувачките капацитети на островот може да примат само 850 лица.

Во исто време, од вчера до денеска претпладне на Лезбос пристигнале 20 мигранти и бегалци, а на Хиос се регистрирани пет нови пристигнувања.

Според полициски податоци, на Лезбос во моментов има 5.342 баратели на азил, а на Хиос 4.205 лица. Вкупно, на островите со северниот дел на Егејското Море има 11.673 бегалци и мигранти. јт/гт/14:29

###



Турција најавува копнена акција во Ирак доколку биде потребно

Анкара, 25 октомври 2016 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави денеска дека официјална Анкара би можела да започне копнена операција во Ирак, со цел да отстрани било какви закани кон Турција кои би можеле да се појават.

- Доколку има било какви закани кон Турција подготвени сме да ги употребиме сите свои ресурси, вклучувајќи и копнена операција, со цел таа закана да биде елиминирана, истакна Чавушоглу.

Тој како пример  ја наведе амбициозната турска офанзива во Сирија за тоа како Турците сериозно ја сфаќаат заканата врз својата безбедност.

Чавушоглу нагласи дека било каква закана кон Турција од соседните ирачки покраини би можела да предизвика реакција на официјална Анкара.

- Ако се зголеми заканата кон нас ќе се избориме со неа користејќи ги нашите права согласно меѓународните закони и нашата сила, вклучувајќи копнена операција, истакна шефот на турската дипломатија. ви/гт/15:09

###



Еулекс подигна обвинение против криминална група предводена од поранешен пратеник

Приштина, 25 октомври 2016 (МИА) – Меѓународен обвинител од мисијата на ЕУ во Косово (Еулекс) подигна денеска обвинение против група косовски Албанци и Срби меѓу кои и поранешен пратеник за организирање криминална мрежа која се занимавала со перење пари, поткуп, измами и злоупотреба на власт и прикривање даноци.

Според обвинението, 39 осомничени предводени од Азем Сулија, поранешен пратеник од Демократската партија, биде соучесници во злоупотреба со државни имоти преку фалсификуавње документи, измами и корупциски дела.

Еулекс соопшти дека станува збор за хиерархиски организирана криминална група.

Во април Еулекс презеде голема операција против осомничена криминална група осомничена дека присвоила незаконски имоти во вредност од 30 милиони евра. Тие дејствувале од 2006 година, наведува Еулекс. зш/16:28

###



Албанскиот Уставен суд го суспендираше законот за правосудство

Тирана, 25 октомври 2016 (МИА) - Уставниот суд на Албанија денеска го суспендираше законот со кој се предвидуваа проверки на личните и професионални истории на судиите и обвинителите, што беше една од клучните реформи во судството, кои имаа за цел да и обезбедат на земјата отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.

Судот го суспендираше законот за да побара мислење од Венецијанската комисија на Советот на Европа, која веќе го разгледа овој пакет закони, кои беа подготвени со помош на американски и европски експерти.

Суспендирањето на законот го иницираше опозициската Демократска партија, која е против проверки на судиите и обвинителите.

Меѓутоа, суспензијата само времено ќе го блокира придвижувањето на реформата во судството, која треба да гарантира независност на судиите и обвинителите од политиката, како и искоренување на корупцијата. гт/сп/18:29

###



Еди Рама во ненајавена посета на Приштина

Приштина, 25 октомври 2016 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама денеска престојувал во ненајавена посета на Приштина, каде се сретнал со косовскиот претседател Хашим Тачи, јавија албанските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА, средбата била „неформална“ и се уште не се знае причината за посетата на Рама на Приштина.

Според медиумите, кога излегувал од хотел Рама бил пречекан од новинари кои се обиделе да добијат изјава од него, тој само се насмевнал и ги одминал.

Рама бил фотографирал и во моментот кога влегувал во хотелот „Свис Дајмонд“ во Приштина, каде што се одржувала средба на косовските политички лидери околу демаркацијата на границата со Црна Гора.

Престојот на Рама во Приштина, доаѓа само неколку дена по неговата посета на Белград.

Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај остро го критикуваше Рама во врска со неговите изјави дадени во Србија. порачувајќи му да не се меша во односите меѓу Приштина и Белград, бидејќи „тоа е улога на ЕУ и на САД“. вт/сп/20:47

###



Ѓукановиќ повеќе нема да биде премиер на Црна Гора

Подгорица, 26 октомври 2016 (МИА) - Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ повеќе нема да биде премиер на Црна Гора и покрај неодамнешната победа на парламентарните избори, соопшти неговата политичка формација, Демократската партија на социјалистите (ДПС). 

Извршниот комитет на ДПС по седницата, со која претседаваше Ѓукановиќ соопшти дека ќе го номинира неговиот заменик во партијата, Душко Марковиќ за премиерската функција. 

ДПС победи на сите 11 избори од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и поранешна Југославија пред 25 години, јави ДПА.

На 16 октомври партијата освои 35 од вкупно 81 мандат во Парламентот, при што за малку ги победите четирите опозициски партии, кои постигнаа консензус околу една единствена точка, соборувањето на Ѓукановиќ, кого го означија како исклучително корумпиран политичар. 

Во текот на изборната ноќ Ѓукановиќ изјави дека ДПС ќе продолжи да владее со своите сојузници, малата Социјалдемократска партија и четворицата претставници на етничките малцинства или со вкупно 42 гласови во Парламентот. ац/08:09

###



Албанската полиција уништи 1.450 килограми марихуна

Тирана, 26 октомври 2016 (МИА) - Околу 1.450 килограми марихуна во процес на сушење албанската полиција открила во поранешни магацински простории во Мамурас.

Во акцијата се запленети автоматска пушка, Клашњиков, рачна граната, воена муниција, вентилатор, двоглед, безбедносна камера и други апарати во функција на процесот за сушење на ова наркотично растение.

- При контрола во стар магацин во Мамурас во сопственост на лицето Ѓенош Вукани, а земен под наем од страна на лицето Л.М. беа запленети и уништени со палење 1.450 килограми марихуана во процес на сушење и преработка. Упасени се шест лица на возраст од 18 до 67 години, сите од Мамурас, а по лицето Л.М. се трага, стои во полициското соопштение.

Во акцијата учествувале 250 припадници на полицијата, вклучувајќи ги и специјалните полициски единици.

Албанската полиција продолжува со зајакната динамика во откривањето и уништување на насади со марихуана.

Во акција, во Скадар, 150 припадници на единицата за брза интервенција откриле и уништиле 6.555 стебла марихуана засадени на три парцели. вт/ац/07:42

###



Дете бегалец сериозно повредено во сообраќајна несреќа на Лерос

Атина, 26 октомври 2016 (МИА) - Едно шестгодипно дете бегалец е серизоно повредено во главата, откако синоќа во него удрило возило во движење на рурален пат на грчкиот остров Лерос.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, локалната полиција соопшти дека детето било со уште еден малолетник, исто така мигрант, а точните околности на несреќата се уште не се јасни.

Поради сеиозноста на повредата, детето со хеликоптер е пренесено во општата болница во Ираклион на Крит.

Локалната полиција отвори истрага за инцидентот. јт/сп/09:07

###



Турски власти спречија обид на 50 мигранти за илегален влез во Бугарија

Истанбул, 26 октомври 2016 (МИА) - Турските власти во реонот на пограничниот град Киркларели привеле 50 мигранти, кои планирале излегално да преминат на територијата на Бугарија, објави интернет сајтот „Хабер 24“.

Според поициски извори, 44-ца од приведените мигранти потекнуваат од Авганистан, четворица од Ирак и двајца од Пакистан.

Поглемиот дел од мигрантите биле приведени во селото Јешилџе, а остантите во Авџилар.

Приведените мигранти се пренесени во центарот за екстрадиција во Пеливанќој. сп/09:16

###



Денот на обидот за преврат прогласен за официјален празник во Турција

Анкара, 26 октомври 2016 (МИА) - Со одлука на турскиот Парламент, 15 јули, денот кога годинава беше извршен обид за воен удар во земјата, во иднина ќе биде официјален празник на земјата, со цел да се оддаде почит на жртвите од неуспешниот преврат, објави весникот „Хабертурк“.

Во исто време, во спомен на жртвите на обидот за преврат градот Казан во округот Анкара ќе биде применуван Кахраманказан. Зборот „кахраман“ на турски јазик значи „херој“.

Датумот 15 јули е прогласен за официјален празник на Турција како „Ден за оддавање на почит на загинатите при обидот за преврат“. 

При пучот во Турција загинаа скоро 300 лица, а околу 2.000 беа ранети. 

Турските власти сметаат дека зад обидот за преврат стои „терористичка организација“ на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД.

Анкара бара од САД негова екстрадиција во Турција, но Вашингтон тврди дека нема да го предаде проповедникот се додека не добие недвосмислени докази за негова вмешаност во обидот за воен удар. см/сп/10:34

###



Турција и Грција преговараат за воведување поморска линија Солун-Измир

Анкара, 26 октомври 2016 (МИА) - Турција и Грција работат на проектот за воведување поморска линија меѓу Солун и Измир, која се очекува да стартува на почетокот на 2017 година, пишува турскиот весник „Хуриет Дејли Њуз“. 

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис ја посети Анкара, за да разговара со турските власти за проектот за поморската линија од Солун до Измир, со која ќе бидат превезувани патници, автомобили и камиони.

Во интервју за „Хуриет Дејли Њуз“, Бутарис истакна дека со воведувањето на оваа линија ќе се создаде можност за поголема посета на турски туристи во Солун. 

Тој додаде, дека пет илјади Турци ја посетиле куќата на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк во Солун на 10 ноември, кога се одбележува годишнината од неговата смрт. 

- Ставовите на Грците за Турците и за Ататурк во текот на изминатите години се променија. Се повеќе турски туристи го посетуваат Солун. Освен тоа, Турците и Грците треба да разберат дека треба да живееме како добри соседи, истакна градоначалникот на Солун. см/сп/10:39

###



Пожар на грчкиот остров Сирос

Атина, 26 октомври 2016 (МИА) - На грчкиот остров Сирос вчера доцна попладне избувна пожар, кој моментално е делумно локализиран пред да се прошири кон населени места.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, локалните власти соопштија дека две противпожарни возила и два камиони со резервоари за вода се уште работат во областа на Агиа Марина, во јужниот дел на островот. јт/сп/11:05

###



Јакаш: За Анкара борбата против Курдите е поважна од операциите против ИД

Сочи, 25 октомври 2016 (МИА) - За Анкара борбата против курдските вооружени групи во Сирија е поголем приоритет од операциите против Исламска држава (ИД), изјави поранешниот турски министер за надворешни работи Јашар Јакаш, на седница на Меѓународниот дебатен клуб во Сочи, одговарајќи на прашањето за главната цел на воената операција на Турција во Сирија.

- Курдските вооружени групи претставуваат поголема егзистенцијална закана за Турција, бидејќи се поврзани со Курдската работничка партија (ПКК) и претставуваат закана за територијалниот интегритет на Турција, додека со ИД веќе се занимаваат други држави, тоа е во интерес на други земји, рече Јакаш. 

Турција на 24 август ја почна операцијата „Еуфратски штит“ во Сирија за поддршка на силите на опозициската Слободна сириска армија и планира да создаде безбедносна зона на западниот брег на реката Еуфрат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...