Нови апсења во Турција на лица осомничени за поврзаност со Фетулах ЃуленАнкара, 27 октомври 2016 (МИА) - Налози за апсење на 73 пилоти, од кои 71 постар поручник, се издадени во рамки на истрагата на Главното обвинителство во Конија против лица осомничени за поврзаност со Фетулистичката терористичка организација (ФЕТО), пишува весникот „Милиет“.
Полицијата спроведе операција за апсење на тие лица во 17 окрузи во земјата, меѓу кои и Конја.
Турските власти ја обвинуваат групацијата ФЕТО, на проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, дека стои зад обидот за преврат на 15 јули.
Истовремено нови налози за апсење во рамки на истрагата за ФЕТО се издадени во многу окрузи на земјата.
|