Ердоган разочаран од администрацијата на Обама

Вашингтон, 21 ноември 2016 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека е разочаран од Администрацијата на Барак Обама поради нејзиниот пристап кон бегалците од Блискиот Исток и затоа што не го екстрадира исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Турција го обвинува за обидот за преврат.

- Тие не се зафатија со настаните и немаа сериозен пристап кон овие прашања, рече Ердоган по повод бегалскиот проблем во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес.

Турција прими околу три милиона бегалци од Сирија и другите земји, речиси двојно повеќе од вкупниот број бегалци во Европа.

Ердоган во интервјуто уште изјави дека САД треба да и го предадат на Турција Фетулах Ѓулен, кој од 1999 година живее во Пенсилванија. Турската Влада и претседателот го обвинуваат Ѓулен дека стои зад изведениот обид за преврат од 15 јули и заради тоа презедоа масовни чистки и апсења на лица во Турција за кои се сомневаат дека се негови следбеници.

Чистките Ердоган ги оцени како законски и умесни.

Според него, додека Ѓулен не биде екстрадиран турската јавност ќе верува дека САД го поддржале пучот.

- Овој човек е лидер на терористичка организација која го бомбардираше мојот Парламент, рече Ердоган, додавајќи дека Турција екстрадирала во САД осомничени за тероризам и затоа истото го очекува од својот американски сојузник.

Во вчера емитуваното интервју за Си-Би-Ес, Ердоган уште посочи дека Анкара сега нема намера да ги преоценува своите односи со САД и НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...