ДПС и Бошњачката партија договорија формирање заедничка Влада на Црна Гора

Подгорица, 22 ноември 2016 (МИА) - Црногорската Бошњачката партија (БС) денеска постигна договор со владејачка Демократска партија на социјалистите (ДПС) за нејзино вклучување во коалициската влада предводена од мандатарот Душко Марковиќ.

Како што јави Танјуг, согласно договорот, лидерот на БС, Рафет Хусовиќ ќе остане вицепремиер, додека членовите на партијата Кемал Пуришиќ и Осман Нурковиќ ќе бидат министри за земјоделство и за труд и социјална политика.

БС во претходниот парламентарен состав имаше три пратеници, кога за своето учество во Владата го доби вицепремиерското место и функцијата потпретседател на Парламентот. Во новиот состав на Парламентот, БС има само два пратеника, но сега покрај вицепремиерското место, ќе добие и две министерски.   

Според црногосрките медиуми, во меѓу време продолжуваат разговорите на Марковиќ и претставниците на ДПС со партијата Социјалдемократи, која своето учество во Владата го условува со добивањето на едно вицепремиерско место и ресорот транспорт,

На почетокот на месецов ДПС најави дека ќе ја формира нова влада заедно со партиите на малцинствата најдоцна во 15 ноември, но не успеа во таквите обиди, поради, како што објавија црногорските медиуми, преголемите барања на потенцијалните коалициски партнери.

Во исто време, водечката опозициска партија Демократскиот фронт (ДФ), најави дека ќе преземе „порадикални политички потези“, доколку малцинските партии се согласат да формираат влада заедно со ДПС. 

- Можни се сите опции, вклучително и протести, изјави еден од лидерите на ДФ, Славен Радуновиќ во интервју за весникот „Дан“.

По изборите на 16 октомври, на кои ДПС го загуби парламентарното мнозинство, црногорската опозиција им предложи на малцинските партии да формираат заедничка влада без социјалиситите, при што на БС и беше понудено премиерското место во еден таков кабинет, меѓутоа партијата го одби овој предлог.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...