Нова „балканска бегалска рута“ преку Црна Гора и Далмација

Загреб, 22 ноември 2016 (МИА) - Вчерашното приведување на петмина илегални мигранти во реонот на Дубровник од страна на припадници на хрватската полиција, ги поттикнуваат стравувањата за отворање нова „балканска бегласка рута“, која сега би минувала преку Црна Гора и хрватскиот приморски регион Далмација, оценуваат денеска медиумите во Хрватска.

Хрватската полиција соопшти дека вчера во реонот на Коновале привела петмина Иранци, кои илегално влегле во Хрватска од територијата на Црна Гора. Од нив само двајца поседувале документи за лична идентификација.

По утврдувањето на нивниот идентитет, на петмината Иранци им е воведена двегодишна забарана за влез на хрватска територија, по што се вратени во Црна Гора, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Хрватска.

Хрватските медиуми наведуваат дека ова е еден од ретките откриени обиди на илеглани мигранти да заминат за западна Европа преку хрватското јадранско крајбрежје, но е показател дека тие бараат нови рути преку Балканот за стигнување до земјите на ЕУ.

Според медиумите, тоа би значело можност за формирање нова „балканска бегалска рута“, откако старата траса, низ Македонија и Србија, преку која минатата година речиси еден милион бегалци, во најголемиот број од Сирија, Авганистан и Ирак, заминаа за западноевропските земји, беше прекината со затворањето на границите за илегалните мигранти.

Процесот на затворање на старата „балканска бегалска рута“, почна кога прво Австрија и Унгарија ги затворија своите гранци за влез на мигранти, по што слична мерка воведоа и Хрватска, Србија и Македонија и илјадници бегалци останаа заглавени на грчко-македонската граница кај Богородица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...